Андромеда (макед. народно име: ГумноЃоре Ценев, „Небото над Македонија“, МКЦ Скопје, 2004, стр. 73-74., Месје 31, M31, или NGC 224; во постари текстови „маглина Андромеда“) — џиновска спирална галаксија оддалечена приближно 2,5 милиони светлосни години во соѕвездието Андромеда, што лежи во северната полутопка на небото. Таа е доста слична на нашата галаксија.

Првпат е забележана во 905 од арапскиот астроном Абдурахман ел-Суфи, кој ја опишал како „мал облак“. Првиот опис на галаксијата со помош на телескоп е направен од Симон Мариус во 1612 (на него често му се припишува дека ја открил галаксијата).

За Андромеда се сметало дека е најголемата галаксија од Месната Група на галаксии што се состои од Андромеда, Млечниот Пат и галаксијата Триаголник, како и 30 други помали галаксии. Според најновите истражувања засновани на подобрени мерења и податоци, научниците сметаат дека Млечниот Пат содржи повеќе темна материја, и дека можеби е помасивна во групата. Сепак, скорешните опсервации од вселенскиот телескоп Спицер открија дека Андромеда содржи еден билион (1012), многу поголем од бројот на ѕвезди во нашата галаксија.

Андромеда се состои од: спирални краци - млади ѕвезди кои се наоѓаат на средината на својот еволуционен пат јадро - кое се состои од суперџинови и џиновски ѕвезди, т.е. ѕвезди на крајот од својот еволуционен пат.

Галаксијата Андромеда е лесно видлива со голо око во умерено темно небо, иако такво небо постои само во помалите градови и изолираните области што се наоѓаат доволно далеку од големите градови и изворите на светлосно загадување. Всушност Андромеда е единствената галаксија во северната полутопка која е видлива со голо око без некои посебни атмосферски погодности (на јужната полутопка тоа се Малиот Магеланов Облак и Големиот Магеланов Облак). Изгледа доста мала без телескоп бидејќи само средишниот дел е доволно светол да биде видлив.

Народни верувања во Македонија Во астрономијата е познато дека оваа галаксија е единствената друга галаксија која се гледа со голо око, а е надвор од нашата галаксија Млечен Пат. Галаксијата Андромеда се гледа како мала белузлава маглина со облик на диск, и кај нашиот народ е позната под името „Гумно“.

Поврзано Андромеда (митологија) Гумно Андромеда (соѕвездие)

Белешки

Наводи

Категорија:Спирални галаксии Категорија:Непречкести спирални галаксии Категорија:Објекти од Новиот општ каталог Категорија:Месјеови објекти Категорија:Андромеда (соѕвездие) Категорија:IRAS-објекти Категорија:UGC-објекти Категорија:PGC-објекти Категорија:Астрономски тела познати од стариот век Категорија:Пречкести спирални галаксии Категорија:Месна Група Категорија:MCG-објекти