мини|Грбот на Фирстенберг-Хајлигенберг Фирстенберг-Хајлигенберг () — грофовија во јужниот дел на Баден-Виртемберг, Германија, сместена во историската територија Хајлигенберг. Била создадена со поделба на Фирстенберг-Бар во 1559 година, а подоцна доживеала уште една поделба: помеѓу себе и Фирстенберг-Донауешинген во 1617 година. Фирстенберг-Хајлигенберг била издигната во кнежевство во 1664 година, а во 1698 година го наследила Фирстенберг-Донауешинген. Во 1716 година била наследена од грофовите на Фирстенберг-Фирстенберг по исчезнувањето на династијата.

Грофови на Фирстенберг-Хајлигенберг (1559-1664)

Јоахим (1559–1598)Ersch, p. 493 Фридрих IV (1598–1617)Ersch, pp. 493–495 Вилхелм II (1617–1618) Егон VIII (1618–1635)Ersch, pp. 495–497 совладетели Ернст Егон (1635–1652) со... Фердинанд Фридрих Егон (1635–1664) со... Херман Егон (1635–1664)

Кнезови на Фирстенберг-Хајлигенберг (1664-1716)

Херман Егон (1664–1674) Антон Егон (1674–1716)

Браќата на Херман Егон, Франц Егон, Вилхелм Егон и Фердинанд Фридрих Егон исто така ја носеле титулата кнез на Фирстенберг-Хајлигенберг, меѓутоа, никогаш не владееле со кнежевството.

Наводи

Литература

Категорија:Фирстенберговци Категорија:Земји во Светото Римско Царство Категорија:Кнежевства во Светото Римско Царство