Фирстенберг-Бар () — средновековна грофовија во денешната сојузна покраина Баден-Виртемберг, Германија, сместена во областа Бар. Била создадена со поделба на Фирстенберг-Фирстенберг во 1441 година. Ја наследила Грофовијата Фирстенберг-Гајзинген во 1483 година и Фирстенберг-Волфах во 1490 година. Била поделена помеѓу Фирстенберг-Бломберг и Фирстенберг-Хајлигенберг во 1559 година.
Грофови на Фирстенберг-Бар (1441-1559)
Конрад V (1441-1484) Хајнрих IX (1484-1499) Волфганг (1499-1509) Фридрих III (1509-1559)
Категорија:Фирстенберговци Категорија:Земји во Светото Римско Царство