Фенофибрат е лек од класата на фибрати. Се употребува за намалување на нивоата на холестерол кај луѓе се ризик од кардиоваскуларно заболување. Како и другите фибрати ги намалува нивоата на липобелковините со мала (LDL) и многу мала густина (VLDL) како и на триглицеридите, а ги зголемува нивоата на липобелковините со голема густина (HDL). Се користи сам или заедно со статини во третманот на хиперхолестеролемија и хипертриглицеридемија.

Фенофибратот се користи од 1975, и е еден од најчесто препишуваните фибрати.

Категорија:Фибрати Категорија:Пролекови Категорија:Карбоксилатни естри