Свети Атанасиј — манастирска црква во рамки на Сопотничкиот манастир во близина на селото Сопотница.

Историја

Црквата е подигната на темелите на постар храм, а на тоа укажуваат и пронајдените артефакти.Ш., А.. „Демир Хисар ќе го развива манастирскиот туризам“, Канал 5, 3 август 2013.

Архитектура

Градбата има правоаголна основа, со полукружна апсида во нејзиниот заден дел, и претставува крсто-куполен храм. Над влезната порта се забележува живопис, на којшто е прикажан Свети Атанасиј Велики. На страничните ѕидови има по три прозорци со две различни големини, од кои прозорците кои се наоѓаат на непосредно до аглите со предната страна се поголеми, додека оние кои се долж страничните ѕидови кон задната страна се со помала големина. Црквата од надворешната страна е обложена со мермер и целосно е покриена со ќерамиди на повеќе нивоа. Од средишниот дел на покривот се издига осумаголна купола. На секоја од осумте страни од куполата има монофора, при што во секој прозорец има рамка со по четири застаклени кружни отвори. Куполата е покриена со ќерамиди поставени во пирамидален облик, а над покривот е поставен крст.

Галерија

Поврзано Сопотнички манастир Крушевско-демирхисарско архијерејско намесништво Сопотничка парохија Сопотница

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Сопотнички манастир Категорија:Сопотница Сопотница Категорија:Македонската архитектура во 2005 година