Жаба — река во Југозападна Македонија и лева притока на Црна Река. Речните води се проценува дека би можеле да послужат како извор за производство на електрична енергија.
Течение
Течението на реката започнува на Бушева Планина, северозападно од Крушево, каде што таа настанува од повеќе извори на надморска височина од околу 1.600 м. По своето течение, таа поминува низ селата Арилево (каде е позната под името Шапка) и Долно Дивјаци. Кај селото Долно Дивјаци од нејзината лева страна се влева реката Распаќе (Горноливадска Река). Во Црна Река се влева од нејзината лева страна, над селото Прибилци, на надморска височина од 638 м.
Хидрографија
Жаба е долга 21 км, а вкупната површина на речниот слив изнесува 92,82 км2. Надморската височина на почетокот на течението е околу 1.600 м, додека при вливот во Црна Река е 638 м, со што релативниот пад е 23,7‰. Просечниот речен проток изнесува 366 л/сек.Табела со локации за 37 МХЕЦ на сливовите на р. Вардар, Треска, Брегалница, Струмица и Црн Дрим , „Министерство за животна средина и просторно планирање“.
Енергетика
По течението на реката е планирана изградба на мала хидроцентрала со инсталирана моќност од 380 KW.
Галерија
Поврзано Бушева Планина Арилево Долно Дивјаци
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Реки во Македонија