Успение на Пресвета Богородица (позната и како: Света Богородица) — главна селска црква во демирхисарското село Обедник, сместена пред влезот во селото.

Местоположба

Црквата се наоѓа на неколку стотина метри пред влезот на селото, непосредно на десната страна од патот. Околу црквата се наоѓаат и самите селски гробишта.

Историја

Црквата била изградена во 1956 година на стари темели.

Архитектура

Храмот претставува еднокорабна градба, а покривот е на две води од ќерамиди. Има полукружна апсида. Била градена со кршен камен и тули во горниот дел под венецот, а фасадите се фугирани.

Подот во внатрешноста на црквата е од бетон. На западната страна се протега трем.

Галерија

Поврзано Обедник Преспанско-пелагониска епархија Крушевско-демирхисарско архијерејско намесништво Демирхисарска парохија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Обедник Обедник