Свети Леонтиј — главна селска црква во селото Граиште. Црквата се наоѓа во северозападниот дел од селото, на возвишение коешто ѝ дава доминантна местоположба.
Местоположба
Црквата се наоѓа на падина над селото Граиште, а околу нејзе се наоѓаат и самите селски гробишта.
Историја
Црквата била изградена во 1927 година на стари темели од некогашен храм.
Архитектура
Храмот во основа претставува впишан крст со полукружна апсида и плиток дрвен свод. Ѕидовите на црквата во внатрешноста и на фасадата се малтерисани и варосани бело. Покривот на црквата е на две води и покриена со ќерамиди.
Галерија
Поврзано Крушевско-демирхисарско архијерејско намесништво Слепчанска парохија Граиште
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Граиште Граиште