thumb|right|300px|Стероидогенезата, со прогестогените и нивните прекуросри во жолтото квадратче.

Прогестогените (исто така понекогаш нарекувани прогестагени или гестагени) се класа на стероидни хормони кои се врзуваат за и ги активираат прогестеронските рецептори (PR). Најзначаен прогестоген во организмот е прогестеронот (P4). Други ендогени прогестогени се 17α-хидроксипрогестерон, 20α-дихидропрогестерон, 5α-дихидропрогестерон, 11-деоксикортикостерон, и 5α-дихидродеоксикортикостерон. Синтетските прогестогени претежно се нарекуваат прогестини.

Прогестогените се едни од петте главни класи на стероидни хормони, заедно со андрогените, естрогените, гликокортикоидите, и минералокортикоидите, како и невростероидите. Сите прогестогени се одликуваат со нивниот основен 21-член јаглероден скелет, наречен прегнански скелет (C21). На сличен начин, естрогените поседуваат естрански скелет (C18), и андрогените, андрански скелет (C19).

Прогестогените, името го добиле по нивната функција во одржување на бременоста, иако тие се присутни и во други фази на естралниот и менструалниот циклус.

Наводи

Категорија:Прогестогени Категорија:Полови хормони