На 24 август 2016 во 03:36 по месно време, земјотрес ја погодила Централна Италија, блиску до Норча, 75 км југоисточно од Перуџа и 45 км северно од Л’Аквила. Потресот бил првично забележан од Геолошкиот топографски институт на САД дека се случил на длабочина од 6.2 км со јачина од 6.4 степени. Првичниот земјотрес бил проследен со најмалку 40 силни последователни потреси.
Јачината подоцна била поправена од страна на Геолошкиот топографски институт на САД на 6.2, додека Европско-средоземниот сеизмолошки центар ја променил јачината на 6.1. Регионот е еден од најактивните сеизмолошки подрачја во Италија. Потресот бил најсилен до сега од 2009 година. Најмалку 290 луѓе загинале, а десетици се водат како исчезнати.
Наводи
Категорија:Земјотреси во Италија Категорија:Земјотреси во 2016 година