Зоран Туциќ (Шабац, 30 октомври 1961) е српски автор на стрипови, сценарист, ликовен уметник и архитект.
Дипломирал на Архитектонскиот факултет во Белград со проектот „Нов египетски музеј, Гиза, Каиро“. Со Вујадин Радовановиќ, Раде Tовладијац и Саша Живковиќ е основач на уметничката група „Баухаус 7“ во 1981 година во Белград.
Стрипови објавувал во земјите на Југославија, Германија, САД, Холандија, на Кипар, во Италија, ФранцијаLe Troisième Argument , YIL Édition, France, 2016 итн. Поважни стрипови: „Ворлох“ по сценарио на Љуан Кока, Александар Тимотијевиќ и З. Туциќ, „Ниту сон за моќта“ по сценарио на Љ. Кока; „Третиот аргумент“,„Трећи аргумент Зорана Туцића, Милорада Павића и Зорана Стефановића“ (информација), Библиотека Милорада Павића, Пројекат Растко, 19 август 2016. по прозата на Милорад Павиќ и сценарио на Зоран Стефановиќ, и „Adam Wild“ од по сценарио на Џанфранко Манфреди.
Еден е од основачите на Здружението на стрип уметници на Србија (Удружење стрипских уметника Србије, УСУС) во 2010 година и прв претседател до 2015 година.
Извори
Врски Comics creator: Zoran Tucić Лична страна на ИМДБ Биографија и галерија, Здружението на стрип уметници на Србија
Категорија:Родени во 1961 година Категорија:Луѓе од Шабац Категорија:Српски автори на стрипови Категорија:Српски сценаристи Категорија:Српски илустратори Категорија:Српски сликари Категорија:Живи луѓе