Јоска Јорданоски – Сандански (Леништа, Прилепско, 7 април 1921 - Ореово, Битолско, 3 мај 1942) ― македонски комунист, учесник во НОБ, првоборец.
Животопис
Во 1924 година, неговото семејство се преселило во Прилеп. По завршувањето на основното образование, се вработил како продавач на зеленчук во продавницата на Методија Андонов - Ченто. Во дуќанот дошол во допир со комунистичките идеи на прилепската младина. Се зачленил во фудбалскиот клуб „Граѓански“, а потоа играл фудбал и во маалскиот клуб „Шаторов Камен“. Во 1940 година, тој се зачленил во Месниот комитет на СКОЈ. Истата година одлежал и 15 дена затвор, заедно со роднината Ченто. Истата година заедно со повеќе прилепчани е мобилизиран под изговор за воена вежба и е одведен во концентрациониот логор за изолација во Меѓуречје кај Ивањица.
мини|десно|Месноста Ореовска корија каде бил разбиен партизанскиот одред „Пелистер“ и бил убиен Јоска Јорданоски По окупацијата на Македонија во Втората светска војна, Јоска Јорданоски-Сандански бил еден од првите седум први прилепски партизани, кои на 12 септември 1941 година, во месноста Бидимаш на Селечка Планина, ја основале првата партизанска чета, составена од борците: Илија Игески - Цветан, Трајко Бошкоски - Тарцан, Борка Велески - Левата, Лазо Филипоски - Лавски, Ѓорe Велкоски – Стрелката и Киро Крстески - Платник. На 17 октомври 1941 година учествувал во основањето на Прилепскиот партизански одред „Гоце Делчев“.
Следната година, на 22 април 1942 година учествувал во формирањето на Битолскиот партизански одред „Пелистер“, но веќе на 3 мај одредот бил опколен од многубројна бугарска војска и полиција, во близина на битолското село Орехово. Во повеќечасовната нерамна борба, Јорданоски загинал, погоден од непријателски куршум во главата. Бил закопан заедно со неговата соборка Елпида Караманди.„Јоска Јорданоски – Сандански“, Old Prilep
Наводи
Категорија:Луѓе од Леништа Категорија:Македонски комунисти Категорија:Југословенски комунисти Категорија:Македонски партизани Категорија:Жртви на Бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна Категорија:Југословенски затвореници и притвореници Категорија:Затвореници и притвореници во Југославија