За истоименото село, видете Белчишта.

Општина Белчишта — поранешна рурална општина во Македонија, создадена во 1996 година, а престанала да постои со законот за територијална поделба на Македонија од 2004 година, кога заедно со поранешната Општина Мешеишта и дел од територијата на Општина Охрид ја создале новата Општина Дебрца. Седиште на општината било селото Белчишта.

Територијата на општина се наоѓала во регионот Дебрца. Најголема река во општината била Сатеска. Општината се граничела со: Општина Мешеишта и Општина Косел на југ, Општина Делогожди и Општина Луково на запад, Општина Другово на север и Општина Сопотница на исток.

Демографија Заедно со Општина Мешеишта, Општина Белчишта според пописот од 2002 година го има следниот состав на население:

жители 5.507 Македонци 5.323 (96,68%) Албанци 153 Турци 2 Срби 8 останати 20

Статистички податоци кои се водат и одделно за Општина Мешеишта и Општина Белчишта според пописот од 2002 година, етничкиот состав е следен:

Националност Општина Мешеишта Општина Белчишта Македонци 2.403 2.921 Албанци 153 0 Турци 2 0 Роми 0 0 Власи 1 0 Срби 2 6 Бошњаци 0 0 останати 6 13

Наводи

Поврзано

Општина Дебрца Општини во Македонија Белчишта Дебрца

Надворешни врски Официјално мрежно место на Општина Дебрца

Белчишта Белчишта Белчишта Категорија:Белчишта