Ана Коњух (), (, ) – професионална тенисерка од Хрватска. Моментално се наоѓа на 92 место на ВТА листата (септември 2016).
Кариера јуниорска кариера Коњух почнала да тренира тенис на шест години.Konjuh plays like she belongs, advances, The Miami Herald, 5 декември 2012. Во 2012 година настапила во игра на парови во јуниорското финале на турнирот на парови на Вимблдон, а партнерка ѝѝ била Швајцарката Белинда Бенчич. Во финалето изгубиле од првите носителки, Канаѓанката Ежени Бушар и Американката Тејлор Таусенд.
Истата година на 2 декември, Ана го освоила јуниорскиот турнир Еди Хер,Dubrovački vjesnik - Ana Konjuh osvojila Eddie Herr а потоа на Отвореното првенство на Мајами настапил на Оранж боул и на 8 декември го освоила истиот. Со јуниорските гренд слем турнири, овој е најпрестижен јуниорски тениски турнир.
2013 година Ана ја отворила со освојување на дупла круна на јуниорскиот гренд слем турнир на Отвореното првенство на Австралија. Прво на 25 јануари во конкуренција на парови со партнерката Карол Хао од Канада го победиле парот Олександра Корашвили од Украина и Барбора Крејцикова од Чешка,Večernji list - Ana Konjuh pobjednica turnira parova а потоа во финалето во поединечна конкуренција на 26 јануари ја победила Катерина Синијакова, со што станала прва светска јуниорка.Večernji list - Senzacija: Ana Konjuh osvojila Australian Open i pojedinačno!
Во февруари 2013 година дебитирала во Фед купот за екипата на Хрватска и забележала три победи во поединечна конкуренција (од кои една против Уршула Радванска, како и една победа во парови (со Дарија Јурак). Првиот турнир на ИТФ Коњух го освоила во јуни 2013 година во Монпелје, совладувајќи ја Русинката Ирина Кромачева.Montpellier: Ana Konjuh osvojila prvi seniorski naslov, tinolovka-news.com
Во септември 2013 година го освоила својот втор јуниорски гренд слем турнир во поединечна конкуренција на Отвореното првенство на САД. Во финалето славела против Американката Торнадо Алисија Блек со 3:6, 6:4 и 7:6. (HINA)
Сениорска кариера 2014 На АСБ класик во Оукленд, на својот прв професионален ВТА турнир, за кој добила покана, последниот ден на 2013 година ја победила првата носителка на турнирот и 14 тенисерка на светот Роберта Винчи. На Вимблдон го остварила резултатот на кариерата победувајќи ги Новозеланѓанката со српско потекло (родена во Хрватска) Марина Ераковиќ и Белгијанката Јанина Викмајер, а изгубила од 16 носителка, Данката Каролина Вознијацки.
2015 Коњух годината ја почнала на турнирот во Оукленд, каде ја победила Мона Бартел, а изгубила од Елена Веснина во второто коло. На Отвореното првенство на Австралија изгубила од Магдалена Рибарикова. После низа од рани испаѓања во Прага ја победила Белинда Бенчич, светскиот рекет број 34, а потоа изгубила од Клара Кукалова.
2016 Резултат на кариерата на гренд слемовите остварила на Отвореното првенство на САД кога влегла во своето прво четвртфинале.
Приватен живот Ана своите победи ѝ ги посветува на својата сестра Антонија.Ana Konjuh: Pobjede za bolesnu sestru , Gloria.com.hr
Наводи
Категорија:Хрватски тенисерки