Алисија Аманда Викандер (родена на 3 октомври 1988 г.) — шведска глумица и поранешна балерина.
Родена и израсната во Гетеборг, таа започнала да глуми уште како дете во мали театарски продукции во Гетеборгската опера и играла балет во Кралското шведско училиште за балет во Стокхолм и во училиштето за американски балет во Њујорк. Таа ја започнала својата глумечка кариера појавувајќи се во шведски краткометражни филмови и телевизиски серии и првпат добила внимание во Северна Европа за нејзината улога во ТВ-драмата Андра Авенин (2008–10).
Викандер својата прва улога во долгометражен филм ја добила во филмот Чистота (2010), за која ја добила наградата Златна бубачка за најдобра глумица. Таа добила светско признание во 2012 година играјќи ги принцезата Екатерина „Кити“ Александровна Шчербатскаја во филмската адаптација на Ана Каренина и кралицата Каролина Матилда во данскиот филм Кралска афера, улоги кои и донеле номинација за наградата БАФТА за идна ѕвезда. Во 2013 година таа глумела во биографскиот филм за Жулијан Асанж, Тајните на петтиот сталеж.
Во 2015 година, Викандер добила светско признание и пофалби за нејзината улога во фантазијата Екс Махина за која била номинирана за Златен глобус за најдобра споредна глумица во драма и за наградата БАФТА за најдобра споредна глумица, и за улогата во биографско-романтичната драма Данската девојка, за кој добила Оскар за најдобра споредна глумица, а исто така ја добила и наградата за здружението на филмски глумци за најдобра глумица во главна улога, меѓу другите.
Кариера Почетоци Викандер ја започнала својата кариера глумејќи во краткометражни филмови и телевизиски улоги во нејзината родна земја Шведска. Таа станала позната на подрачјето на Скандинавија за нејзината улога во популарната шведска ТВ драма Андра Авенин (2008–2010).
2010–14
Викандер добила позитивни критики за улогата на Катарина во нејзиниот прв долгометражен филм, Чистота (2010). Со оваа улога, Викандер ги добила наградите за идна филмска ѕвезда на Меѓународниот филмски фестивал во Стокхолм во 2010 година, и на Берлинскиот меѓународниот филмски фестивал во 2011 година како и престижната шведска награда Златна бубачка за најдобра глумица. Во 2011 година, таа играла главна улога во шведската драма Кралски скапоцености.
Во 2012 година, Викандер го свртела меѓународното внимание играјќи ја улогата на Кити во адаптацијата на англиски јазик на Ана Каренина, глумејќи покрај Кира Најтли. Филмот премиерно бил прикажан на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто и заработил позитивни критики.
Таа година, таа го додала данскиот јазик на својот репертоар глумејќи ја кралицата Каролина Матилда во историскиот филм Кралска афера режиран од Николај Арсел. Филмот својата светска премиера ја имал на 62. издание на Берлинскиот меѓународниот филмски фестивал и бил прифатен со пофални критики. Филмот подоцна бил номиниран за Оскар за најдобар странски филм на 85. доделување на Оскарите.
Викандер била именувана како една од десетте глумци со пробивни улоги во 2012 година кои треба да се следат на 20. издание на Меѓународниот филмски фестивал во Хамптонс, и била номинирана за наградата БАФТА за идна ѕвезда во 2013 година.
Во 2013 година, таа имала улога како Анке Домшајт-Берг, член на германска пиратска партија во трилерот Тајните на петтиот сталеж. Филмот го отворил Меѓународниот филмски фестивал во Торонто на 5 септември 2013 година. Филмот собрал мешани реакции од критичарите; но како и да е, дел од критичарите ги пофалиле улогите во филмот. Таа исто така ја играла улогата на Ерика во шведскиот филм Хотел, за која ја добила наградата на Меѓународниот филмски фестивал во Маракеш за најдобра глумица од претседателот на жирито, режисерот Мартин Скорсезе.
Во 2014 година, таа глумела во австралискиот криминален трилер Посвоен син. Филмот бил издаден во Австралија на 16 октомври 2014 година и заработил мешани ревизии; но сепак, Викандер била пофалена за својата изведба.
2015–денес Во 2015 година, Викандер глумела во шест филмови. Таа добила пофалби од критичарите за изведбата на улогата на сликарката Герда Вегенер во филмот Данската девојка режиран од Том Хупер, за која добила Оскар за најдобра споредна улога, станувајќи втората швеѓанка добитник на оваа награда; награда од здружението на филмски глумци за најдобра глумица во главна улога, и награда од филмската критика за најдобра споредна улога; а била номинирана за наградата Златен глобус за најдобра глумица во драма и за наградата БАФТА, но двете награди и припаднале на Бри Ларсон за нејзината улога во филмот Соба.
Таа добила јавно признание и критички пофалби за нејзината улога како Ава во режисерското деби на Алекс Гарланд во филмот Екс Махина, за која добила номинации за Златен глобус за најдобра споредна глумица во драма и за наградата БАФТА за најдобра глумица во споредна улога.
Таа ја добила улогата на пацифистот Вера Бритен во драмата Тестамент на младоста заедно со Кит Харингтон и Емили Вотсон. Филмот бил добро прифатен по својата премиера, со пофалби од критичарите главно за изведбата на Викандер. Таа исто така глумела половина-човек/половина-вештерка во фантазијата Седмиот син, била раскажувач во шведскиот документарен филм Јас сум Ингрид Бергман, имала главна женска улога во акциониот филм Шифра Вујче режиран од Гај Ричи; и се појавила во филмот Пеколна кујна, покрај Бредли Купер.
На 6 мај 2016 година било објавено дека Викандер основала продукциска компанија заедно со нејзиниот агент Чарлс Колије. Првиот филм на компанијата, Еуфорија, започнал да се снима во август 2016 година на Германските Алпи. Филмот ќе биде прв филм на шведската режисерка Лиза Лангсет на англиски јазик, и ќе претставува трета соработка помеѓу Викандер и Лангсет. Викандер ќе глуми заедно со Ева Грин и Шарлот Рамплинг.
Во 2016 година, Викандер глумела наспроти Мет Дејмон во акциониот филм Џејсон Борн, режиран од Пол Гринграс. Филмот бил издаден на 29 јули 2016 година од Universal Pictures. Викандер потоа се појавила во адаптацијата на романот Светло помеѓу океаните, режирана од Дерек Сиенфранс, глумејќи заедно со Мајкл Фасбендер и Рејчел Вајс. Филмот бил издаден во САД од страна на Touchstone Pictures на 2 септември 2016 година.
Личен живот Викандер живее во Лондон, Англија. Од декември 2014 година, таа е во врска со глумецот Мајкл Фасбендер, кого го запознала за време на снимањето на филмот Светло помеѓу океаните.
Филмографија Филм Година Наслов Улога Белешки 2007 Темнината на вистината Сандра Свенсон Краткометражен филм 2007 Дождот Танчерка Краткометражен филм 2008 Моето име е љубов Фредерика Краткометражен филм 2009 Желбата на Сузан Девојка во станот Краткометражен филм 2010 Чистина Катарина 2011 Кралски скапоцености Фрагансија Фернандес 2012 Кралска афера Каролина Матилда 2012 Ана Каренина Кити 2013 Хотел Ерика 2013 Тајните на петтиот сталеж Анке Домшајт-Берг 2014 Тестамент на младоста Вера Бритен 2014 Посвоен син Таша 2014 Седмиот син Алис Дин 2015 Екс Махина Ава 2015 Јас сум Ингрид Бергман Раскажувач Документарен филм 2015 Шифра Вујче Габи Телер 2015 Пеколна кујна Ана Марија 2015 Данската девојка Герда Вегенер 2016 Џејсон Борн Агент Хедер Ли 2016 Светло помеѓу океаните Изабел Шербурн 2017 Доба на лалињата Софија 2017 Нуркање Даниеле Флиндерс Постпродукција 2017 Еуфорија Инес Се снима 2018 Ограбувачи на гробници Лара Крофт Се снима
Телевизија Година Наслов Улога Белешки 2002 Мојата балсамирана мајка| Еба Ду Риц | ТВ филм |- | 2003 | Погодените| Драбад Моркер | 1 епизода |- | 2005 | Декемвриски сон| Тони | 3 епизоди |- | 2007 | Сирова храна| Линда | Мини-серија |- | 2007–08 | Андра Авенин| Жосан Тегебрандт Бјерн | 39 епизоди |- | 2008 | Хек'' Катарина 2 епизоди
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Родени во 1988 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Шведски глумци Категорија:Луѓе од Гетеборг Категорија:Шведски телевизиски глумци