Едвард Томас "Том" Харди (роден на 15 септември 1977 г.) — англиски глумец, сценарист и продуцент.

Првата филмска улога тој ја добил во акциониот филм Падот на црниот јастреб (2001). Други значајни филмски улоги Харди толкувал во научнофанатастичниот филм Ѕвездени патеки: Немезис (2002), криминалниот филм Рокенрола (2008), биографско-психолошката драма Бронсон (2008), научнофанатастичниот трилер Почеток (2010), спортската драма Војник (2011), шпионскиот филм Мислител, кројач, војник, шпион (2011), криминалната драма Без закон (2012), драмата Опасен повик (2013), криминалната драма Валкана испорака (2014), и во биографскиот вестерн-трилер Повратник (2015), за кој бил номиниран за Оскар за најдобар спореден глумец. Тој исто така го глумел Бејн во суперхеројскиот филм Подемот на мрачниот витез (2012), "Лудиот" Макс Рокатански во пост-апокалиптичниот филм Лудиот Макс: Пат на бесот (2015), и браќата Креј во криминалниот трилер Легенда (2015).

Телевизиски улоги Харди играл во минисериите Браќа по оружје (2001), Кралица девица (2005), Оркански височини (2008), Преземање (2009), како и во британската криминално-историска ТВ серија Пики Блајндерс (2013).

Харди исто така глумел во британски и американски театарски претстави. Тој бил номиниран за наградата Лоренс Оливије во 2003 година за најдобар новајлија за неговата улога на Сканк во претставата Во Арабија сите ние би биле кралеви, а бил награден со наградата Ивнинг Стандард за најдобар новајлија за неговите изведби во Во Арабија сите ние би биле кралеви и за улогата на Лука во Крв. Во 2007 година тој глумел во претставата Човек со убави манири и добил позитивни критики за неговата изведба во претставата Долга црвена патека режирана од Филип Сејмур Хофман во 2010 година.

Личен живот

Во 1999 година, Хари се венчал со Сара Вард, продуцентка, но бракот завршил со развод во 2004 година поради неговата зависност од алкохол и кокаин. Тој има син, Луис Томас (роден во 2008 година), со тогашната девојка Рејчел Спид, асистент режисер, која ја запознал на снимањето на Кралица девица. Тие се разделиле во 2009 година.

Во 2009 година, Харди започнал врска со глумицата Шарлот Рајли, која ја запознал на снимањето на Оркански височини. Парот се верил во 2010 година и се венчал во јули 2014 година. Тие имаат две кучиња, двете спасени, од кои едното се појавило со Харди во реклама за промовирање на посвојувањето на миленичиња.Rebecca Macatee, "Tom Hardy Gets a Kiss From His Dog Woodstock in Pro-Adoption Campaign for PETA—See the Pic!" EOnline.com, 28 April 2015. Во октомври 2015 година, парот го добил своето прво дете.

Во 2010 година, Харди станал амбасадор на „Prince's Trust“, водечка британска младинска хуманитарна организација која спроведува тренинг, личен развој, поддршка при почнување бизнис, менторство и советување. Во 2012 година, тој и Рајли станале покровители на добротвортната истражувачка организација „Bowel Cancer UK“.

Тој има многу тетоважи: неколку племенски тетоважи, знамето на Обединетото Кралство, театарска маска, чавка и две фрази на италијански јазик: „figlio mio bellissimo“ („мојот убав син“) на десната рака, и „padre fiero“ („горд татко“) под клучната коска.

Харди се осврнал на Гери Олдман како „најдобриот глумец кој некогаш живеел“,Stern, Marlow. "Gary Oldman Talks 'Tinker, Tailor, Soldier, Spy,' 'Batman' Retirement". The Daily Beast. 8 December 2011. Retrieved 1 February 2012. и го опишал Олдман како негов херој, додавајќи „секој [во драмското училиште] се обидувал да го цитира него во сите негови филмови.“ Од страна на GQ магазинот Харди бил именуван во 50. најдобро облечени британски мажи за 2015 година.

Филмографија Филм

Година Наслов Улога Белешки 2001 Падот на црниот јастреб Ланс Тумбли 2002 Ѕвездени патеки: Немезис Шинзон 2003 Ден на пресметка Стро 2003 Точка на И Том 2003 СД 50 смртоносна доза Мет 2004 Во пресрет на злосторството Кларки 2006 Минотаур Тео 2006 Марија Антоанета Рамон 2006 Сцени од сексуална природа Ноел 2007 Поплава Зак 2007 Пресметка на смртта Пјер Џексон 2007 Наследство Татко 2008 Ненадеен удар Родерс 2008 Рокенрола Згодниот Боб 2008 Бронсон Чарлс Бронсон/Мајкл Петерсон 2009 Интимни пријатели Детектив Мајклс 2009 Совршено Доктор Краткометражен филм 2010 Почеток Ејмс 2011 Наредник масакр, мојот постар брат Дан Краткометражен филм 2011 Мислител, кројач, војник, шпион Рики Тар 2011 Војник Томи Риордан Конлон 2012 Ова значи војна Так Хансен 2012 Подемот на мрачниот витез Бејн 2012 Без закон Форест Бондјурант 2013 Опасен повик Иван Лок 2014 Валкана испорака Боб Сагиновски 2015 Дете 44 Лео Демидов 2015 Лудиот Макс: Пат на бесот Макс Рокатански 2015 Лондонски пат Марк 2015 Легенда Роналд Крај и Реџиналд Крај 2015 Повратник Џон Фицџералд 2017 Денкирк Фериер, пилот на спитфајер Постпродукција

Телевизија Година Наслов Улога Белешки 2001 Браќа по оружје Џон Јановек 3 епизоди 2005 Колдиц Џек Роуз 2 епизоди 2005 Кралица девица Роберт Дадли 3 епизоди 2005 Ќерката на Гидеон Ендрју ТВ филм 2006 А за Андромеда Џон Флеминг ТВ филм 2006 Свини Тод Метју ТВ филм 2007 Рт на гневот Џек Донели 5 епизоди 2007 Оливер Твист Бил Сајкс 5 епизоди 2007 Стјуарт: Живот наназад Стјуарт Шортер ТВ филм 2008 Оркански височини Хитклиф 2 епизоди 2009 Преземање Фреди 4 епизоди 2013 Ловење војни Себеси 2 епизоди; исто така извршен продуцент 2014–сè уште Пики Блајндерс Алфи Соломонс 7 епизоди

Театар Година Наслов Улога Театар 2003 Во Арабија сите ние би биле кралеви СканкТеатар Хампстед 2003 Модернистите ВинсентТеатар Крусибл 2003 Крв ЛукаТеатар Ројал Корт 2004 Прослава МајклТеатар Алмеида 2007 Човек со убави манири ДоримантКралски национален театар 2010 Долга црвена патека СемиТеатар Гудман

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Родени во 1977 година Категорија:Англиски глумци Категорија:Живи луѓе Категорија:Луѓе од Лондон Категорија:Заповедници на Редот на Британската Империја Категорија:Англиски филмски глумци