Ана Кај Фарис (родена на 29 ноември 1976 г.) — американска глумица и продуцентка. Таа е главно препознатлива по нејзините комични улоги во бројни филмски комедии низ кариерата.
Нејзиниот пробив се случил со улогата на Синди Кемпбел во Страшен филм (2000), која предизивикала филмска франшиза. Таа се појавила во следните три продолженија на филмот, последен пат глумејќи во четвртото продолжение, издадено во 2006 година. Таа станала периодичен лик во ТВ серијата Пријатели за време на последната сезона во 2004 година. Во еден период од нејзината кариера, таа играла споредни улоги во драмски филмови како Изгубени во преводот (2003) и Кршенгрб Планина (2005), а исто така глумела и во бројни комедии, вклучувајќи ги Жешка женска (2002), Келнери (2005), Само пријатели (2005), и Мојата супер поранешна (2006). Таа добила пофални критики за улогата во црната комедија Насмеано лице (2007) а потоа глумела главна улога во Плејбој-тематскиот филм Куќна зајачица (2008), улога која и донела номинација за МТВ филмска награда за најдобар комичен настап.
Во 2009 година, таа играла улоги во филмските комедии Често поставувани прашања за патување низ времето и Набљудувај и извести, и исто така играла гласовни улоги во анимираните филмови Облачно со врнежи од ќофтиња и Алвин и верверичките: Второ цивкање (таа продолжила да го позајмува гласот и во продолженијата на двата филма). Таа глумела и била ко-продуцент на комедијата Кој е твојот број? (2011), по што следувале улоги во политичката сатира Диктатор (2012), и романтичната комедија Им давам година (2013). Фарис ја игра Кристи Планкт во ТВ серијата Мама од 2013 година, улога која и донела позитивни критики и две номинации за наградите Избор на публиката.
Личен живот Таа започнала врска со глумецот Бен Индра кусо откако тие се запознале на снимањето на филмот Пат на љубовници. Тие се венчале во јуни 2004 година. Фарис побарала развод во 2007 година наведувајќи ненадминливи разлики. Како дел од нивниот договор за развод, кој бил комплетиран во февруари 2008 година, таа се согласила да му плати на Индра 900,000 долари покрај останатиот имот и хонорари.
Фарис го запознала глумецот Крис Прат на почетокот на 2007 година во Лос Анџелес пред снимањето на филмот Одведи ме дома вечерва; во филмот, нивните ликови се сакаат. Тие започнале врска кусо потоа, се вериле на крајот на 2008 година, и се венчале на 9 јули 2009 година, со мала свеченост на Бали, Индонезија. Тие имаат син, Џек, кој се родил во 2012 година; тој е роден девет недели порано и поминал еден месец на интензивна нега пред да биде пуштен дома. Семејството живее во Холивуд Хилс, Лос Анџелес.
Филмографија Филм Година Наслов Улога Белешки 1996 Рај Дити 1999Пат на љубовници Џанел Беј 2000 Страшен филм Синди Кемпбел 2001 Страшен филм 2 Синди Кемпбел 2002 Меј Поли 2002 Жешка женска Ејприл 2003 Зимска пауза Жастин 2003 Изгубени во преводот Кели 2003 Страшен филм 3 Синди Кемпбел 2005 Јужни убавини Бел 2005 Келнери Серена 2005 Кршенгрб Планина Лашон Малоун 2005 Само пријатели Саманта Џејмс 2006 Страшен филм 4 Синди Кемпбел 2006Мојата супер поранешна Хана Луис 2006 Виновни срца Џејн Конели 2007 Насмеано лице Џејн Ф. 2007Мамин син Нора Фланаган 2008 Куќна зајачица Шелеј Дарлингтон Исто и продуцент 2008 Спленектомија Даниеле/ Д-р. Филдс Краткометражен филм 2009 Често поставувани прашања за патување низ времето Каси 2009Набљудувај и извести Бранди 2009 Облачно со врнежи од ќофтиња Сем Спаркс Гласовна улога 2009 Алвин и верверичките: Второ цивкање Жанет Гласовна улога 2010 Мечето Јоги Рејчел Џонсон 2011Одведи ме дома вечерва Венди Френклин 2011 Кој е твојот број? Али Дарлинг Исто и извршен продуцент 2011 Алвин и верверичките: Урнебесен бродолом Жанет Гласовна улога 2012 Диктатор Зои 2013 Филм 43 Џули Дел: The Proposition 2013 Им давам година Клои 2013 Облачно со врнежи од ќофтиња 2 Сем Спаркс Гласовна улога 2015Алвин и верверичките: Големото патешествие Жанет Гласовна улога 2016 Кијану Себеси Камео улога
Телевизија Година Наслов Улога Белешки 1991 Измама: Тајната на мајката Лиз ТВ филм 20022004 Крал на брдото Лиза Гласовна улога2 епизоди 2004 Пријатели Ерика 5 епизоди (сезона 10) 2005Сини неба Сара ТВ филм 2007 Свита Себеси 3 епизоди 2013–2020 Мама Кристи Планкет Главна улога
Наводи
Надворешни врски
Ана Фарис на Yahoo! Movies
Категорија:Родени во 1976 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Американски глумци Категорија:Американски филмски глумци