Харлем (хол.јаз. ) — главен град на провинцијата Северна Холандија во Холандија. Градот има 155.758 жители (податок од 2014 г.).

Харлем се наоѓа на реката Шпарне, околу 20 километари западно од Амстердам во близина на крајбрежните дини на Северното Море.

Историја

Харлем бил седиште на Холандските грофови во средниот век.

Витезите од Харлем во 1219 г. се упатиле во Петтата крстоносна војна под водство на грофот Вилем I. Оттука потекнува крстот на градскиот грб и знамето. Витезите од Харлем истата година го заземале градот Дамијет во Египет.

Грофот Вилем II му ги дал градските привилегии на Харлем во 1245г.

Во средниот век Харлем бил познат по изработка на текстил, бродоградба и производство на пиво. Во тоа време бил втор град по големина во Холандија (после Дордрехт).

Градот бил под шпанска опсада во 16. век кога населението тешко настрадало. Војводата Фернандо од Толедо је зазел градската тврдина 1573г. Тогаш настанал пожар во кој изгорела една третина од градот. Шпанците го напуштиле Харлем 1577, а протестантите и католиците добиле еднакви права. Поради тоа, градот станал привлачен за многу избеглици од Франција и Фландрија кои значително придонеле за стапанскиот развој. Постојат податоци дека во 1621г. повеќе од половина пд населението било родум од Фландрија.

Холанѓанецот Петрус Стивенсант во 1658г. го основал Нов Харлем (Nieuw Haarlem) на источното крајбрежје на Северна Америке, на острвот Менхетн. Денас тоа претставува еден од квартовите на Њујорк (види: Харлем (Њујорк)).

Харлемската школа на сликарството Во Харлем се родени и живееле многу познати сликари од Златното време на Холандија (17. век). Нивното сликарство се нарекува Харлемска школа на сликарството.

Адријен Брувер Дирик Баутс Франс Халс Дирк Халс Виљем Клес Хеда Питер Санредам Јан Стен Адријен ван Остаде Јакоб Исаксон ван Ројздал

Население

Спрема проценките од 2014г. во Харлем живеле 155.758. жители.

Наводи

Надворешни врски

Мрежно место на градот Харлем Фотографии од Харлем Презентација на музејот на Франс Халс (хол. и анг.)

Категорија:Харлем Категорија:Градови во Холандија Категорија:Градови во Холандија Категорија:Северна Холандија Категорија:Општини во Северна Холандија Категорија:Населени места во Северна Холандија