Јанко Илковски (р. , ) — македонски телевизиски и радиоводител.
Животопис и кариера Јанко Илковски е роден на 14 октомври 1962 година во Скопје, каде завршил основно и средно образование, по што се запишува на студии на Белградскиот Универзитет. По враќањето од Белград и по промена на повеќе работни места, меѓу кои е и преведувач во МРТВ и на фестивалот „Браќа Манаки“, Илковски влегува во медиумските води во 2001 година, најпрво како водител на ноќна програма на А1 телевизија, каде подоцна работи во рамките на спортската програма.
Меѓу другите негови настапи како радио или ТВ водител се: новинар на радио Канал 103, водител на емисијата „Пладневен гневник“ на Радио Рос, водител на емисијата „Гутенбергова галаксија“Интервју за, Утрински Весник на ТВ 4, како и водител и музички уредник во радијата: Клуб ФМ, Топ ФМ и Радио Слободна Македонија.
Контактната ТВ емисија насловена како „Јади бурек“, Јанко Илковски ја работи повеќе од дваесет години.Интервју на , tocka.com.mk, 20 мај 2013 Емисијата, водителот Јанко Илковски ја работел на телевизиите: А1 телевизија, ТВ Скај, Наша ТВ, Сител 3 и ТВ Сонце.
Од 2017 година, емисија "Јади бурек" се емитува на ТВ Сонце секој работен ден во 20:00 часот.
Во 2023 година, Илковски започнува емисија наречена како "Слушај ваму" каде прави видео колумни и анализа во соработка со Република.
Меѓу 2023-2024 година Илковски бил автор и водител на емисијата „Quo Vadis" на ЕМ Телевизија, со неделни видео колумни и анализи.
Јанко Илковски работел и во печатените медиуми, меѓу кои пишувал текстови за: Вечерен дневен весник, Премин,Список на соработници на, preminportal.com.mk, јуни 2007 Вечер,Колумна во „Вечер“, vecer.mk, 7 мај 2008 Време, неделникот Фокус, Платформа.мк и неделникот Република.
Надворешни врски Јанко Илковски на YouTube Јанко Илковски на Facebook
Наводи
Категорија:Македонски телевизиски водители Категорија:Македонски новинари Категорија:Македонски водители