Чуетел Еџиофор (; ) — англиски глумец.

По запишувањето на националниот младински театар во 1995 година, и добивањето на стипендија за Лондонската академија за музички и драмски уметности, на 19-годишна возраст и поминати три месечни студии, Еџиофор бил избран од Стивен Спилберг да глуми споредна улога во филмот Амистад.

Еџиофор е познат по улогите на Окве во Валкани слатки работи (2002), оперативецот во Серенити: Борба за иднина (2005), Лола во Откачени чизми (2005), Лук во Потомци (2006), Д-р. Адријан Хелмсли во 2012 (2009) и Д-р. Винсент Капур во Марсовец: Спасувачка мисија (2015). Тој го играл Соломон Нортуп во 12 години роб (2013), улога за која добил номинации за Оскар и Златен глобус, како и БАФТА награда за најдобар глумец. Во 2014 година тој бил номиниран за Еми награда за неговата изведба во серијата Играјќи на работ.

Еџиофор е добитник на бројни награди и номинации за глума, вклучувајќи ги наградата БАФТА идна ѕвезда во 2006 година, пет номинации за Златен глобус, и театарската награда Лоренс Оливије за најдобар глумец за неговата изведба во Отело во 2008 година. Истата година, тој бил назначен за офицер на Редот на Британската Империја од Кралицата Елизабета II за придонеси кон уметноста. Тој бил унапреден на заповедник во 2015 година.

Рани години Еџиофор е роден во Лондон од нигериски родители. Неговиот татко, Аринзе, бил доктор, а неговата мајка, Обиаџулу, била фармацевт. Неговата сестра, Заин Ашер, е дописник за СНН. Во 1988 година, Кога Еџиофор имал 11 години, за време на семејно патување во Нигерија по повод свадба, тој и неговиот татко возеле за Лагос по прославата кога нивната кола се судрила директно со камион. Неговиот татко загинал, но Еџиофор преживеал. Тој бил тешко повреден, и заработил лузни кои сè уште се видливи на неговото чело.Raphael, Amy. "Almost famous", The Guardian, 3 November 2002. Retrieved 9 July 2007.

Еџиофор започнал да глуми во школски претстави на 14-годишна возраст на колеџот Далвич и се приклучил на националниот младински театар. Тој добил стипендија за Лондонската академија за музички и драмски уметност, но морал да ги напушти студиите по првата година, откако бил избран да глуми во филмот Амистад, режиран од Стивен Спилберг. Тој ја играл насловната улога во претставата Отело во театарот Блумсбјури во септември 1995 година, и повторно во кралскиот театар во Глазгов, во 1996 година, кога глумел наспроти Рејчел Стерлинг која била Дездемона.

Личен живот Еџиофор бил во врска со канадската глумица и модел Сари Мерсер. Тој е пријател со глумците Бенедикт Камбербач и Идрис Елба. Во 2015 година, Еџиофор ја добил наградата „Global Promise“ од страна на фондацијата The GEANCO Foundation, непрофитна организација за социјална заштита во Западна Африка за неговата хуманитарна работа во Нигерија.

На 12 септември 2016, Еџиофор, заедно со колегите Кејт Бланшет, Питер Капалди, Кит Харингтон, Даглас Бут, Нил Гејман, Кира Најтли, Џулиет Стивенсон, Џеси Ајзенберг, и Стенли Тучи, учествувал во видео од агенцијата за бегалци УНХЦР на ООН со цел да се зголеми свесноста за светската бегалска криза. Во видеото, со наслов "Што тие земале со себе", глумците читаат поема, напишана од Џенифер Токсвиг и инспирирана од основните профили на бегалците, и е дел од кампањата #WithRefugees на УНХЦР, која исто така вклучува петиција до владите да го зголемат бројот на потврдни азил барања, обезбедувајќи им на бегалците засолниште, можност за работа и образование.

Филмографија Филм Година Наслов Улога Белешки 1997 Амистад Џејмс Ковеј 1999 Точно време по Гринич Рикс 2002 Валкани слатки работи Окве Ландер2003 Всушност љубов Питер2004 Таа ме мрази Френк Вилс 2004 Црвена прашина Алекс Мпондо 2004 Мелинда и Мелинда Елис2005 Четири браќа Виктор Свит 2005 Серенити: Борба за иднина Оперативецот2005 Гори бавно Тај Трипин2005 Откачени чизми Симон/ Лола2006 Човек одвнатре Детектив Бил Мичел 2006 Потомци Лук 2007 Зборувај со мене Девеј Хјуз2007 Американски гангстер Хуеј Лукас2008 Црвен појас Мајк Тери2009 Крај на играта Табо Мбеки2009 2012 Д-р. Адријан Хелмсли 2010 Солт Пибоди 2013Савана Кристмас Мултри2013 12 години роб Соломон Нортуп2013 Половина жолто сонце Оденигбо 2015 З за Закарија Лумис 2015 Марсовец: Спасувачка мисија Винсент Капур 2015 Тајна во нивните очи Реј 2016 Код 999 Мајкл Етвуд 2016 Доктор Стрејнџ Карл Мордо / Барон Мордо Постпродукција

Телевизија Година Наслов Улога Белешки 1996 Смртоносно патување Ибоу ТВ филм 2001 Убиство во ум ДС Мекоркиндејл Епизода: "Teacher"2003 Дванаесеттата ноќ Орсино ТВ филм 2003 Доверба Ешли Картер 6 епизоди 2003 Кантербериски приказни Пол Дел: The Knight's Tale2006 Цунами: Последици Ијан Картер ТВ филм2007 Поделба: Денот кога Индија изгоре Раскажувач 2011 Граница на темнината Џона Габриел 7 епизоди 2013 Играјќи на работ | Луис Лестер | 6 епизоди |- |2013 | Фил Спектор'' Обвинител ТВ филм

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Живи луѓе Категорија:Англиски глумци Категорија:Луѓе од Лондон Категорија:Заповедници на Редот на Британската Империја Категорија:Англиски филмски глумци Категорија:Добитници на наградата „Лоренс Оливие“