Меѓународна организација на трудот (МОТ) — специјализирана агенција на Обединетите Нации која се занимава со прашањата поврзани со трудовата проблематика.ILO Decent Work Agenda. Ilo.org. Посетено на 2012-06-02. Нејзиното седиште е во Женева. Основана е во 1919 година и во периодот до Втората светска војна е агенција на Друштвото на Народите. Во 1946 година МОТ станува прва специјализирана агенција на ОН. Од 2012, во МОТ членуваат 185 земји од светот. Република Македонија е членка на МОТ од 28 мај 1993 година.
МОТ се залага за зајакнување на работничките права, за подобрување на работните и животните услови на работниците, за создавање на нови работни места и за обезбедување пристап до информации и обука. Една од основните функции на МОТ е воспоставување на меѓународни стандарди на заштита на работничките права.
МОТ има трипартитен состав, односно негови членови се претставниците на државите, синдикатите и работодавците.
Добитник е на Нобеловата награда за мир во 1969 година.
Литература Игор Јанев, UN and the international financial and economic organizations, publ. Institute of Political Studies, Belgrade, 2004.
Наводи
Надворешни врски Официјална страница на МОТ Меѓународната организација на трудот на македонски јазик Канцеларија на МОТ во Македонија Регионална канцеларија на МОТ во Будимпешта Конвенции на Меѓународната организација на трудот кои ги има ратификувано Република Македонија (МТСП) Ратификувани конвенции на МОТ од Република Македонија (ССМ) Ратификувани конвенции на МОТ од Република Македонија (КСС) „Фундаментални конвенции на МОТ“ „Конвенции и препораки за безбедност и здравје при работа на МОТ“ „Поглед врз МОТ“
Категорија:Обединети нации Категорија:Меѓународни организации Категорија:Труд Категорија:Швајцарски нобеловци