Веностаза, венозна стаза или венозен застој – состојба на бавен крвен проток во вените, вообичаено во нозете. Венозниот застој е фактор на ризик за образување на крвни згрутчувања во вените (венска тромбоза) како и со длабоките вени на нозете (длабока венска тромбоза). Причините за венозниот застој може да бидат долгите периоди на неподвижност кои можат да бидат резултат од возење, летање, лежење (хоспитализација) или заради медицинска имобилизација. За намалување на ризикот од венозен застој и длабока венска тромбоза, лекарите препорачуваат често шетање, вежби за прасците и повремена пневматска компресија, кога е тоа можно.
Превенција е можна со методите на тромбозна профилакса и нивно практикување.
Поврзано Вирховова тријада
Наводи
Категорија:Крвни садови Категорија:Заболувања на крвни садови Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ