Воѓислав Шлонски (, , , ) — град кој се наоѓа во Полска, во Шлеското Војводство, со население од 48 731 жители според податоци од 2014 година. Воѓислав Шлонски е седиште на Воѓиславскиот регион. Градот се наоѓа во близина на границата со Чешка, на околу 290 километри јужно од Варшава и на околу 100 километри западно од Краков.
Географија
Градот се наоѓа во историската област Горна Шлеска во близина на границата со Чешка. Сместен е крај реката Лешница во Рачиборската котлина, која е дел од географскиот макрорегион Шилеска низина.
Клима
Климата во областа е континентално влажна. Просечната температура е 8 °C (46 °F) (просечно -1.7 °C) во јануари и до просек 17.7 °C (63.9 °F) во јули). Годишните просечни врнежи од дожд се 786 милиметри. Најголем дождлив месец е јули. Во областа се карактеристични слаби и средни ветрови од југозапад.
Административна поделба
Градот е поделен во 9 области кои имаат своја управа:
Једловник Ошедле Једловник-Тужичка-Каркошка Кокошице Нове Мјасто Ошедле XXX-лецја-Пјастов-Домбровки Радлин II Старе Мјасто Вилхви Завада
Население
Според податоци од Полската Централна статистичка служба, на 1 јануари 2014 година населението на градот изнесува 48.731 лица. Густината е 984 луѓе на квадратен метар.Powierzchnia I ludność w przekroju terytorialnym w 2014 r., Główny urząd statystyczny, Warszawa, 2014, стр.141 (посетен на 16.01.2015 г.)
1400 - 600 1550 - 1.100 1692 - 675 1860 - 2.408 1939 - 5.300 1946 - 5.110 1960 - 9.043 1980 - 105.548 1991 - 112.215 1997 - 49.697 2009 - 49.386
Луѓе Адам Гавенда - политичар Војќех Франк - политичар Лешек Бланик - гимнастичар Болеслав Коминек - кардинал Томаш Сикора - биатлонист Хуберт Грушчик - геолог Мартина Клишевска - глумица Пјотр Конечински - глумец Кшиштоф Крул – фудбалер
Галерија
Збратимени градови - Аланија, Турција - Гладбек, Германија - Карвина, Чешка - Саломин, Франција
Наводи
Надворешни врски http://www.Wodzislaw-Slaski.pl/ http://www.wodzislaw.zobacz.slask.pl/ Jewish Community in Wodzisław Śląski on Virtual Shtetl
Категорија:Градови во Шлеското Војводство Категорија:Населени места основани во 13 век