Стараховице () — град кој се наоѓа во Полска, во Светокришкото Војводство, со население од 50,679 жители според податоци од 2013 година. Стараховице е седиште на Стараховичкиот регион. Градот се наоѓа на реката Камиена, притока на реката Висла.

Историја

Местото каде денеска се наоѓа градот Стараховице, во 16 век му припаѓало на семејството Starzechowski. Населбата која била изградена околу еднаковница, припаѓала до 1817 на католичкиот орден Цистерцити од Вонхоцк, град кој се наоѓа во близина. Во 1789 година започнала изградба на високи печки. Во 1815 година, печката била преземена од страна на владата на Конгресна Полска и во наредните години, Стараховице се појавил како главен центар на металургијата. Според планот на Станислав Сташиц, металната индустрија била развиена по течението на реката Камиена.

Во времето кога Полска ја вратила својата независност во 1918 година, владата во Варшава одлучила да се изгради фабрика за оружје во градот. На 12 октомври 1920 година, рударската комора на грдот потпишала договор со за снабдување на армијата. Набргу потоа започнала изградба на фабрика за муниција. Компанијата Zakłady прераснала во индустриски комплекс која вклучувала фабрика за муниција, артилериска опрема и фабрика за железо. Компанијата го произведела и пиштолот Бофорс 37 мм, кој се користел од страна на полската армија во 1939 година. Самиот град Стараховице не бил создаден до 1 април 1939 година, кога на античкиот град Виерзбник (основан 1624 година) се споил со решение со Стараховице.

За време на Холокаустот, гетото во градот било ослободено на 27 октомври 1942 година, и голем дел од затворениците биле испратени во логорот на смртта Треблинка. Останатите еврејски жители биле испратени во работнички кампови во околината. Заробениците од овие кампови во текот на летото на 1944 година биле депортирани во Аушвиц, каде што многу од нив се соочиле со смртта.

Во текот на Втората светска војна, Стараховице бил важен центар на Армија Крајова, каде единиците на Јан Пивник и Антони Хеда делувале. По војната, градот успеал да како важен индустриски центар. Во 1948 година била отворена фабриката за производство на камион „Стар“. Кога во 1989 година бил воведен капиталистичкиот систем, ситуацијата во Стараховице се влошила бидејќи невработеноста се зголемила драстично. Градот во моментов има посебна економска зона со пониски даночни стапки.

Географија

Градот се наоѓа во историскиот регион Мала Полска. Сместен е во северниот дел на војводството.

Население Население по години 1998-55.182 2003-54.016 2005-53.337 2006-52.972 2007-52.614 2008-52.320 2009-51.875 2010-51.605 2011-52.088 2012-51.695 2013-51.158

Старосна структураhttp://www.polskawliczbach.pl/Starachowice, w oparciu o dane GUS.

690x480px

Административна поделба Вежбник Скарпа Жеромски Скалка Шлаковиско Мајовка Взгоже Стадион Орлово Гурники Вежбова Лази Тшех Кшижи Полудне Љубјанка Михалов

Спорт

Градот е домаќин на фудбалскиот клуб „Стар“.

Градови Аурих, Германија Рочдејл, Велика Британија Швејнфурт, Германија Шевде, Шведска Векта, Германија Гижицко, Полска Кандело, Италија Алмонацид де ла Куба, Шпанија La Roche-sur-Foron, Франција

Наводи

Категорија:Градови во Светокришкото Војводство Категорија:Стараховички Округ