Динан () — град во регионот Валонија, во покраината Намир во јужна Белгија.

Градот се наоѓа околу 90 километри југоисточно од Брисел, 30 километри југоисточно од Шарлероа, 30 километри јужно од Намир и 20 километри северно од Живе (Франција).

Историја До X век Името Динан потекнува од келтскиот Divo-Nanto, што значи „света долина“ или „божествена долина“; исто така може да се преведе како „небесен теснец“ или „светлосен теснец“ (како во современиот велшки Nant Dwyfol).

Областа Динан веќе била населена во неолитско, келтско, и римско време. Првото спомнување на Динан како населба датира од VII век, кога Свети Перпет, бискупот од Тонгерен, кој во тоа време имал престолнина во Мастрихт, го земал Динан како своја резиденција и ја основал црквата „Свети Венсан“. Во 870 година, Карло Ќелавиот еден дел од Динан дал да биде административно управуван од грофот од Намир, а другиот дел од бискупот од Тонгерен, кој во тоа време бил со седиште во Лиеж.

Во XI век, царот Хајнрих IV доделил неколку права врз Динан на Кнежевството-бискупија Лиеж, вклучувајќи пазарни и правосудни права. Од тој период, градот станал еден од 23. кнежевски градови (bonnes villes) на Кнежевството-бискупија Лиеж. Првиот камен мост на реката Меза и големата поправка на замокот, кој бил изграден претходно, исто така датираат од крајот на XI век.

Доцен среден век Својата стратешка локација на Меза го изложил Динан на битки и грабежи, не секогаш од заколнатите непријатели: во 1466 година, Филип III Бургундски, чичко на лиешкиот бискуп Луј де Бурбон, и синот на Филип, Карло Смелиот, казниле бунт во Динан во текот на лиешките војни, со фрлање на 800 буржуи во Меза и со палење на градот. Економски конкурент на Динан бил градот Бувињ, кој се наоѓал подолу по реката, на спротивниот брег од Меза.

Во доцниот средновековен период, Динан и Бувињ се специјализирале за металство, произведувајќи прецизно леени и завршени предмети во сребрени месингувани легури, наречени dinanderie како и со снабдување на акваманили, свеќници, патени и други олтарни предмети низ долината на реката Меза.

Анри Пирен докторирал во 1883 година со тема за средновековниот Динан.

Стариот режим и Прва светска војна

Во војните помеѓу Франција и Шпанија во XVI и XVII век, Динан страдал од уништување, глад и епидемии, и покрај својата неутралност. Во 1675 година, француските сили предводени од маршалот Франсоа де Креки го окупирале градот. На крајот на XVIII век Динан краток период бил преземен од Австрија. Целата лиешка бискупија ѝ била отстапена на Франција во 1795 година. Месингуваните предмети излегле од мода и економијата на градот сега се темелела на штавење кожа и на производство на карти за играње. Познатото динанско колаче (couque de Dinant) исто така се појавило во тој период.

Градот повторно бил разрушен на почетокот на Првата светска војна. На 15 август 1914 година, француските и германските трупи се бореле за градот во Битката за Динан, а меѓу ранетите бил поручникот Шарл де Гол. На 23 август, 674 жители биле погубени од саксонските трупи од германската војска — најголемиот масакр извршен од страна на Германците во 1914 година. За еден месец, околу пет илјади белгиски и француски цивили биле убиени од германските сили во бројни слични прилики.

Динамика на население

Гастрономија

Колачот фламиш е локална верзија на пита со јајца направен со сирење наречено „boulette de Romedenne“. Динанското колаче е најтврд бисквит во Европа, кое е засладено со вкус на мед.

Сообраќај Железничката станица во Динан се наоѓа на левиот брег од реката Меза. Секој час воз се упатува кон Брисел, а возењето трае околу 90 минути.

Значајни личности Следниве личности се родени во Динан: Давид Динански, филозоф Јоаким Патинир, 1485–1524, прв сликар специјалист за предели Антоан Жозеф Вирц, сликар (XIX век) Адолф Сакс, изумителот на саксофонот (XIX век) Жорж Пир, свештеник од доминиканскиот ред и добитник на Нобелова награда за мир во 1958 година Андре-Ежен Пирсон гувернер на Народната банка на Белгија од 1877 до 1881 година Андре Бизен, уметник и дизајнер на печати (XX век)

Наводи

Надворешни врски

Портал на градот Страница за тврдината

Категорија:Градови во Белгија Категорија:Општини во Намир