Бобан Трпков (Скопје, – Требош, Тетовско, ) ― македонски бранител, припадник на единицата „Лавови“ и учесник во Воениот судир во Македонија во 2001 година. Загинал во заседа на 11 ноември 2001 во заседата Требош.
Животопис
Живот, војната 2001 и заседата „Требош“
Бобан Трпков е роден 1968 година во Скопје, но бил бил израснат во скопското село Драчево од каде било и неговото семејство. Учествувал во Воениот судир во 2001 година. Загинал како еден од последните жртви за време на кризната 2001 година, кај тетовското село Требош. Настанот се случил кога теротистите на ОНА на 11 ноември 2001 година во околу 19 часот, од заседа поставена на двете страни на патот кон селото Требош, отвориле оган врз возила на МВР. Од едниот бункер терористите пукале со автоматски пушки, додека од утврдувањето од спротивната страна стрелале со рачен фрлач за гранати и со „зоља“. Во првото возило од колоната, теренец Лада Нива, во кое се наоѓал еден од загинатите полицајци, терористите пукале со автоматско оружје.
Во исто време, од бункерот од другата страна на патот, албанските бандити со по една граната од „зоља“ и од рачен фрлач го погодиле второто возило од колоната, оклопниот транспортер „БТР“. Во транспортерот загинале двајцата полицајци.
Улогата на Бобан и останатите убиени во заседата во Требош беше да извршат обезбедување на просторот каде што требаше да почнат активностите за ексхумација на киднапирани и убиен Македонци. Бобан загинува на 33 годишна возраст заедно со Оливер Петрушевски и Драго Маневски.
Бобан беше женет и имал две деца. Во негова чест е подигнат спомен биста во Драчево пред месната заедница, а во паркот на бранителите била поставена спомен-плоча при спомен-фонтаната. Бобан Трпков посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Македонија.
Поврзано
Заседа Требош (2001)
Наводи
Категорија:Македонски бранители Категорија:Припадници на ЕБИ „Лавови“ Категорија:Починати во Требош Категорија:Луѓе од Драчево