Марду () — град и општина во Естонија, со население од 16,512 жители според податоци од 2012 година, зафаќа површина од 22,76 км2 и се наоѓа во округот Харју. Градот всушност претставува градско подрачје од Талин.
Историја
Марду своите почетоци ги има како индустриско населено место. Благодарение на своите фосфати, во 1939 година населеното место започнало да се развива. Пред 1963 година Марду имал статус на индустриско населено место, додека во 1980 година довил статус на град. Во 1991 година Марду добил статус на посебна административна единица.
Географија
Градот Марду се наоѓа на брегот на заливот Муга (дел од Финскиот Залив). Се наоѓа на околу 15 километри североисточно од главниот град Талин, во непосредна близина на автопатот Талин - Нарва.
Во јужниот дел на градот се наоѓа езерото Марду, западно од градот тече реката Пирита, додека на север се наоѓа пристаништето Муга.
Административна поделба
Марду може да биде поделен на четири дела:
Калавере, центарот на градот Муга, поранешен град-градина Карму, индустриска зона Кроди, индустриска зона
Население ГодинаНаселениепо година200116 729 200216 706 200316 677 200416 648 200516 601 200616 570 200716 550 200816 549200916 531201016 529201117 524
Пристаништето во градот е најголемо карго пристаниште во Естонија. Според пописот од 2000 година, населението на градот броело 16.738 жители. 61,7% биле Руси, 19,9% Естонци, 6,6% Украинци, 5,7% Белоруси, 1,5% Татари, 0,9% Финци, 0,6% Полјаци, 0,5% Литванци, 0,2% Латвијци, 0,2% Германци и 0,1% Евреи. Процентот на Естонците бил еден од најниските во Централна и Западна Естонија.
Образование
Во градот има четири училишта: средно училиште на естонски јазик како и две училишта на руски јазик и училиште за уметност.
Наводи
Надворешни врски
Map of Maardu
Категорија:Градови во Естонија