Свети Јован Крстител (понекогаш нарекува Свети Јован Бигорски) — манастирска црква во селото Слатино, сместена во близина на некогашното Слатинско Езеро.
Изградена е врз темели на многу постара истоимена црква од раниот среден век. Осветена е на 26 мај 2002 година од страна на митрополитот дебарско-кичевски г. Тимотеј. Фреските се изработени од уметникот Драган Ристески од Охрид.
Света икона
Светата икона на Свети Јован Крстител од познатиот Бигорски манастир едно време била сместена во оваа црква на Слатинскиот манастир, поради што и самата манастирска црква понекогаш се нарекува и „Св. Јован Бигорски“. Иконата била вратена на Бигорскиот манастир во времето на неговото возобновување во 1743 година.
Галерија
Поврзано Слатино Црква „Св. Богородица“ Црква „Св. Недела“ Слатинска парохија Слатински манастир
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Слатино (Охридско) Слатино Категорија:Слатински манастир Категорија:Македонската архитектура во 2002 година