Основен суд Дебар — суд со основна надлежност сместен во градот Дебар и го опфаќа подрачјето на општините Дебар и Центар Жупа.
Судот во Дебар ја извршува судската власт во прв степен во рамките на гореспоменатите општини. Основниот суд во Дебар одлучува за сите дела во прв степен по кривични дела и прекршоци извршени на подрачјето на општините.
Историја
Основниот суд во Дебар, како и останатите судови во Македонија, бил основан со Повелбата на Президиумот на АСНОМ за устројство на првите судови во Македонија на 31 март 1945 година.
Внатрешна организација
Основниот суд во Дебар е поделен на пет одделенија: приемно, граѓанско, прекршочно, кривично и извршно одделение.
Поврзано Основни судови со основна надлежност во Македонија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Судови во Македонија Категорија:Згради и градби во Дебар