Унгарска работничка народна партија () или скратено УРНП () — владејачка комунистичка партија во Унгарија во периодот од 1948 до 1956 година. Партијата била основана со спојувањето на Унгарската комунистичка партија и Социјал-демократската партија на Унгарија.Neubauer, John, and Borbála Zsuzsanna Török. The Exile and Return of Writers from East-Central Europe: A Compendium. New York: Walter de Gruyter, 2009. p. 140 Ориентацијата на партијата била за тесен сојуз на Унгарија со СССР и истата ја поддржувала марксистичко-ленинистичката идеологија во нејзината сталинистичка варијанта. Партијата фактички се распаднала и била званично распуштена за време на Унгарската револуција од 1956 година. Нејзин наследник станала Унгарска социјалистичка работничка партија.
Раководители на партијата Претседател Арпад Сакашич (12 јуни 1948 — април 1950).
Генерален секретар на Централниот комитет Маќаш Ракоши (12 јуни 1948 — 28 јуни 1953).
Прв секретар на Централниот комитет Маќаш Ракоши (28 јуни 1953 — 21 јули 1956); Ерно Геро (21 јули — 25 октомври 1956); и Јанош Кадар (25—30 октомври 1956).
Партиски конгреси Партијата ги одржала следните конгреси: Обединувачки конгрес (13—14 јуни 1948, Будимпешта) — партијата била основана; II конгрес (28 февруари — 2 март 1951, Будимпешта) — одлучено било значително зголемување на контролните броеви во првиот петгодишен план (1950—1954); и III конгрес (24—30 мај 1954, Будимпешта) — поднесени биле резултатите од првиот петгодишен план, биле одобрени контролните броеви во вториот петгодишен план(1955—1959) и било дискутирано прашањето за народниот фронт.
По создавањето на Унгарската социјалистичка работничка партија, конгресите продолжиле да се бројат како IV, V, VI итн.
Број на членови Во 1948 година, вкупното членство на партијата изнесувало околу 1 милион, а во 1949 истото се намалило на околу 900 илјади членови.
Поврзано Унгарска револуција од 1956
Наводи
Категорија:Унгарска револуција (1956) Категорија:Политички партии во Унгарија