мини|300п|Мостот кај Андау денес мини|300п|Мостот кај Андау погледнат од Унгарија кон Австрија мини|300п|Позадина за филмот „Носачот III“
Мостот кај Андау (; или Mosontarcsai-hid) — мал мост над каналот Ајнзер, дел од границата помеѓу Австрија и Унгарија. Се наоѓа близу селото Андау (Градиште, Австрија).
Историја
Со почетокот на немирите во летото 1956 година, сè повеќе Унгарци бегаа на запад преку границата со Австрија. Иако беше само мал дрвен мост преку мал канал, мостот кај Андау бил бегалска рута за околу 70.000 Унгарци во текот на Унгарската револуција.
По преминот на границата, бегалците морале да пешачат девет километри, „Патот на слободата“ (Fluchtstrasse), до селото Андау, каде биле пречекувани со големо гостопримство од жителите на Андау и околните села.
На 21 ноември 1956 година, мостот бил срушен од советските трупи.
Денес
Во 1996 година, на 40-годишнината од Унгарската револуција, мостот бил повторно обновен како симбол на толеранцијата и помошта. Со заедничка акција на австриската и унгарската војска, бил заменет стариот мост, кој бил изграден од селаните за сообраќајни цели. Во исто време, „Патот на слободата“ бил користен за отворена изложба со наслов „Патот на маките“, прикажувајќи околу деведесет скулптури и други уметнички дела на унгарски и австриски уметници.
Книжевност и филм
Како симбол на слобода, мостот не добил слава само со книгата „Мостот кај Андау од Џејмс Миченер (1957), но исто така станал светски познат споменик. Мостот кај Андау е исто така тема во Носачот III, австриски филм кој ја обработува Унгарската револуција на малку хумористичен начин.
Поврзано Мостот кај Андау (книга) Андау Унгарска револуција од 1956
Надворешни врски
Der Bockerer III на IMDB The Bridge At Andau на Amazon Фотографии од мостот и околината
Категорија:Австрија во 1956 година Категорија:Унгарска револуција (1956)