мини|Живко Мукаетов Живко Мукаетов — македонски стопанственик и раководител, директор на фармацевтското претпријатие „Алкалоид“.

Животопис Во 1998 година, Живко Мукаетов ги завршил постдипломските студии по маркетинг и менаџмент во Лондон.Живко Мукаетов, „Компаниите треба сами да го трасираат својот пат кон успехот“, Економија и бизнис, година 18, број 220, октомври 2016, стр. 18-22. Менаџерска кариера Менаџерската кариера на Мукаетов започнала во септември 1999 година, кога бил поставен за раководител на проектот за маркетинг и пропаганда во „Алкалоид“, а во 2003 година бил назначен за директор на маркетинг и продажба на профитниот центар во Франција. Мукаетов бил и член на одборот на директорите на организацијата „Македонија 2025“. Во 2017 година, во рамките на одбележувањето на 95-годишнината од основањето на Стопанската комора на Македонија бил формиран Македонско-српски деловен совет, а за негов прв претседател бил назначен Живко Мукаетов.Мирослав Саздовски, „Живко Мукаетов назначен за претседател на Македонско-српскиот деловен совет“, Економија и бизнис, година 18, број 225, март 2017, стр. 12.

Награди 2021 - Орден за заслуги за Македонија

Наводи

Категорија:Македонски стопанственици Категорија:Носители на Орденот за заслуги за Македонија