Гора — историско-географска област која се наоѓа помеѓу областите Љума и Полог. Од планините Коритник на север, на југ од мостот Торбешки. Во крајниот југозападен дел на Косово има околу 18 села и 1 гратче распослани на јужниот дел на северозападната падина на Шар Планина) и североисточниот дел на Албанија 10 села. Областа е планинска, со густи зимзелени шуми (гори) и низ него протекува реката Бел Дрим, а во делот под Косово се наоѓа изворот на реката Црн Камен (притока на Радика).
Географија Планинска ообласт што се наоѓа помеѓу планините Шара, Кораб и Коритник, во горниот тек на реката Љума, лева притока на Бел Дрим. Површината на областа изнесува . Од нив во Косово (Призренска Гора) се . Најголем простор е покриен со пасишта — , што овозможило да се развие сточарството, и тоа претежно овчарство. Делот на Гора во Албанија се нарекува Кукушка Гора според недалечниот град Кукуш (Кукс).
мини|центар|250п|Околината на село Брод во Гора
Население Горанците се посебен народ. Сепак, многумина од нив се самосознаваат како Македонци од исламска вероисповед. Во Косовскиот дел на Гора живеат околу 25 000 жители во најголемо мнозинство (околу 82 %, според тврдењата на Здружението на Македонците од Гора во Албанија) Македонци со муслиманска вероисповед познати под името Горанци (Горани) кои говорат македонски јазик. Други тврдат дека зборуваат српски јазик, а трети дека зборуваат бугарски.
Поради тешко пристапниот предел населението на Гора (особено во Косово) постојано се намалува, па така од некогашните 25.000 жители на косовскиот дел на Гора денес живеат околу 15 000 жители. Горанци од Гора често се селат во Македонија, а 10 000 од нив имаат и македонско државјанство.
Потеклото на населението е словенско. Во поголем дел е староседелско. Подоцна имало и мали доселувања на Власи.
Села во Гора Призренска Гора (Косово) +Населени места во Призренска Гора (Косово)Населено местоСлужбено имеОпштинаНаселение(2011)СрпскиАлбанизираноБачкаБачка / БаћкаBaçkë / BaçkaДрагаш / Шара БродБродBrodДрагаш / Шара ВраништеВраништеVranishtëДрагаш / Шара ГлобочицаГлобочицаGlloboçicë / GlloboqicëДрагаш / Шара Горна РапчаГорња РапчаRapçë ( Rapçë e Epërme)Драгаш / Шара (со Д. Рапча)Горни (Мал) КрстецГорњи (Мали) КрстацKërstec ( Kërsteç i Epërm)Драгаш / Шара (со Г. Крстец)ДиканцеДиканцеDikancëДрагаш / Шара Долна РапчаДоња РапчаRapçë ( Rapçë e Ulët)Драгаш / Шара (со Г. Рапча)Долни (Голем) КрстецДоњи (Велики) КрстацKërstec ( Kërsteç i Ulët)Драгаш / Шара (со Д. Крстец)ДрагашДрагашDragash / SharrДрагаш / Шара Зли ПотокЗли ПотокZlipotokДрагаш / Шара КрушевоКрушевоKrushevëДрагаш / Шара КукаљанеКукуљанеKukjanДрагаш / Шара ЛештанеЛештанеLeshtanДрагаш / Шара ЉубовиштаЉубовиштеLubovishtëДрагаш / ШараМликеМликеMlikëДрагаш / Шара ОрчушаОрчушаOrqushëДрагаш / Шара РадешаРадешаRadeshëДрагаш / Шара РестелицаРастелицаRestelicëДрагаш / Шара Напомена: Горна и Долна Рапча и Горни и Долни Крстец административно се сметаат за целини — села Рапча и Крстец. Затоа, населението е дадено заедно, бидејќи статистичката служба ги смета горното и долното село за маала. Оттука, други називи се „Големо“ и „Мало“.
Кукушка Гора (Албанија) +Населени места во Кукушка Гора (Албанија)Населено местоАлбанизираноОпштинаНаселениеБорјеBorjeКукушЗаподZapodКукушКошариштаKosharishtКукушНово СелоNovosejКукушОргостаOrgjostКукушОрешекOreshkëКукушОчиклеOrçikëlКукушПакиша/ПакиштаPakishtКукушЦрнолевоCërnalevëКукушШиштавецShishtavecКукуш
Села во Македонија +Горански села во Македонија (вон областа Гора)Населено местоАлбанизираноОпштинаНаселение(2002) Попис во Македонија 2002 — Книга XЈеловјанеJellovjaniБоговиње599УрвичUrviçiБоговиње756
Тековни состојби
Македонците што живеат во делот на Гора што ѝ припаѓа на Албанија се организирани во свое македонско здружение кое е во најтесна соработка со здруженијата на Македонците од Мала Преспа и Голо Брдо и преку заеднички активности се залагаат за поголеми малцински права на Македонците во Албанија. Во 2005 г. Здружението на Македонците од пределот Гора во Албанија достави барање до албанската влада за воведување на македонскиот јазик во училиштата во селата во Гора. На Косово исто така постои вакво здружение — Македонската горанска заедница на Косово.
Состојбата со Македонците од делот на Гора што припаѓа на Косово е многу тешка бидејќи тие се под секојдневен голем притисок на претставниците на Србите и Бошњаците (а во последно време се почесто и од Албанците) од Косово, да се изјаснат како Срби или Бошњаци. Врз Горанците сè поголеми притисоци вршат и Бугарите кои имаат за цел да прикажат дека во Косово живеат и Бугари со исламска веросиповед, а во соработка со косовските политичари. Ова наишло на остра осуда од Сојуз на Македонците со исламска религија.
Актуелна е состојбата на изградбата на граничниот премин Стрезимир - Рестелица помеѓу Македонија и Косово, за кои Горанците сметаат дека ќе им се овозможи поголеми врски и контакти и полесен пристап до нивната матична земја.
Историја Етимологијата на зборот „Гора“ е старословенска со значење „планина, планински“.
Првпат Гора се спомнува во 1348 г. во указ на царот Стефан Душан како жупа во Српското Царство, кога седум села ги подарил на манастирот „Свети Архангели“ кај ПризренХрисовуља Цара Стефана Душана, Гласник душа српске свовености, Београд, 1862, стр. 282. Второто спомнување на Гора е од 1452/5 г. во турски дефтери како „нахија Гора“ во Османлиското Царство. По Балканските војни влегува во Србија, а по Првата светска војна, со создавањето на Кралството СХС во 1925 г. е поделена од страна на меѓународната комисија за разграничување. На тој начин 10 села со своите атари се припојуваат кон Албанија.
Исламот првпат се појавува во Гора во 1690 г. Првото село што целосно се исламизирало, било селото Крстец, а последно било селото Брод. Последната христијанка, Баба Божана, умрела во селото Брод во 1856 г.
Поврзано Горанци Горански дијалект (нашински)
Белешки
Наводи
Надворешни врски
Гора и Горанците, документарец на Телевизија Скопје од 1988-89 г.
Категорија:Вардарска Македонија Категорија:Области во Косово Категорија:Историско-географски области во Македонија Категорија:Историски области во Албанија Категорија:Призренски Округ