Метох (множина: метоси) () – манастирска земја, манастирски имот, односно недвижен имот во сопственост на манастир. Се состои од религиозни и стопански објекти, како и објекти за живеење. Вообичаено се наоѓа во населено место и во него живеат и за него се грижат монаси и монахињи. Во него се изведуваат богослужби, се примаат исповедници, се организираат поклоненија.

Во текот на османлиското владеење, метосите, како и црквите и манастирите, биле центри на православната духовна култура, нејзино опстојување и зачувување на македонскиот идентитет. Во нив често постојат ќелијни училишта кои ја поддржуваат основната писменост.

Метоси во Македонија Попознати метоси во Македонија: Манастир „Св. Ѓорѓи Победоносец“ - Рајчица, метох на Бигорскиот манастир Црква „Св. Ахил Лариски“ - Требиште, метох на Бигорскиот манастир Црква „Собор на Светиот Архангел Гаврил“ — главна црква на Џепишкиот манастир, метох на Бигорскиот манастир;Во посета на Бигорскиот метох посветен на Соборот на Светиот Архангел Гаврил Црква „Св. Петка“ – Љубаништа, метох на манастирот Свети Наум Манастир „Св. Спиридон Чудотворец“-Злетово, метох на Лесновскиот манастир

Наводи

Поврзано Манастир Скит

Категорија:Христијанство Категорија:Православие Категорија:Грцизми