Цетина — река во јужна Хрватска, во централна Далмација. Вкупна должина на реката е околу 105 км, површината на сливот е 1463 км2. Извира од планината Динара, на надморска висина од 385 м, а се влева во Јадранското Море. Реката е пловна во должина од 7 км. Крајот околу реката Цетина често се нарекува Цетинска крајина, а самата река во раниот среден век ја правела границата помеѓу Србите и Хрватите според пишувањето на византискиот цар Константин Порфирогенит (913—959)
Течение Цетина извира на северозападните падини на планината Динара, во близината на селото Цетина, кое е оддалечено 7 км од населбата Врлика. На околу 15 км од изворот, во Цетина преку водопадот се влева мала река Драговиќ. Во близина на населбата Врлика почнува Перуќкото езеро, кое настанало со изградбата на браната на околу 25 км низводно. Потоа реката протекува низ Сињско Поле, а потоа продолжува да се движи во правец на исток, па повторно завртува на запад околу планината Мосор, пред да дојде до влвиот во Јадранското Море кај градот Омиш. Цетина е најдолга река во областа Далмација.Naklada Naprijed, The Croatian Adriatic Tourist Guide, pg. 258, Zagreb (1999), Реката е богата со водопади од кои најголем е водопадот Велика Губавица кој со своите 49 м висинска разлика, спаѓа меѓу најголемите водопади во Хрватска. Во текот на летото просечниот проток на вода низ реката изнесува 4-6 м3/с, а во текот на сезоната на врнежи, протокот значително расте.
На реката се изградени неколку помали хидроелектрани.
Наводи
Категорија:Реки во Хрватска