Селска Црква — археолошко наоѓалиште во прилепското село Небрегово. Претставува осамени наоди од римско време. Во јужниот ѕид од надворешната страна на селската црква „Св. Никола“ е вѕидана мермерна плоча со релјефна претстава на Атина и Херкул. Пред црквата се наоѓа фрагментиран столб.

Поврзано Дрениче — населба од доцноантичко време; Латинска Црква — црква и некропола од старохристијанско време; Лечиште — населба од неолитско време; Манастириште — населба од доцноантичко време; Орман — кастел од римско време; Гробиште — осамени наоди од римско време; Небрегово; Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско;

Наводи

Категорија:Небрегово