Паул Кле (18 декември 1879 — 29 јуни 1940) — германско-швајцарски сликар, член на уметничката група Син јавач. Во својата работа, Кле бил под влијание на неколку правци на современата уметност: експресионизмот, кубизмот и надреализмот. Кле и негоиот пријател Василиј Кандински познати се по својата педагошка работа во училиштето Баухаус.
Животопис Паул Кле е роден во 1879 година во Швајцарија. Татко му бил учител по музика, а мајка му швајцарска пејачка. Детството го поминал во Швајцарија, а бидејќи по татко добил германско државјансво, после матурата 1898 година се отселил во Минхен. После двоумењето помеѓу музиката, литературата ликовната уметност, сепак се одлучил за сликарство. Прво студирал графика во приватното училиште на Хенрик Книр, каде стекнал уметничко искуство.
Наводи
Категорија:Германски сликари Категорија:Швајцарски сликари Категорија:Сликари од 20 век Категорија:Родени во 1879 година Категорија:Починати во 1940 година Категорија:Апстрактни сликари