Владимир Атанасовски — директор на Управата за безбедност и контраразузнавање на Македонија од 1 септември 2016 година до јуни 2017.
Животопис
Владимир Атанасовски дипломирал на Економскиот факултет во Скопје. Веднаш по дипломирањето, во 2008 година бил вработен во Управата за спречување перење пари, а бил и советник во Одделението за меѓународна соработка. Во 2010 година бил назначен за директор во Управата за финансиско разузнавањеhttp://fokus.mk.
На функцијата директор на Управата за безбедност и контраразузнавање на Македонија бил назначен на 1 септември 2016 година.
Во 2018 година бил осомничен за организрање на насилен упад во Собранието кој се случи на 27 април 2017 година, односно „Здружување поради непријателски активности“.Зад решеткиtime.mk Во 2021 година добил затворска казна од 6 години.Затворска казна
На 23 јануари 2025 година, Основниот кривичен суд во Скопје го уважил барањето за амнестија , и го ослободил од затвор, заедно со Вељаноски, Ристовски и Јанакиевски. Ова се случи врз основа на Законот за амнестија од 2018 година, кој предвидува амнестија за лица кои не биле директно вклучени во насилството или неговата организација.
Наводи
Категорија:Живи луѓе Категорија:Политичари од Делчево Категорија:Директори на Управата за безбедност и контраразузнавање на Македонија Категорија:Апсолвенти на Економскиот факултет - Скопје Категорија:Македонски затвореници и притвореници Категорија:Затвореници во Македонија