Зета — река во Црна Гора. Нејзиниот извор се наоѓа во падините на планината Војник и тече кон исток 86 километри каде што се слева во реката Морача северно од Подгорица.

Потекло на поимот Теоријата вели дека името „Зета“ влече корени од зборовите „жетва“ или „жито“.

Географија Реката Зета е најголемата притока на реката Морача. Хидроцентралата „Перучица“ во близина на Никшиќ ја користи водата од реката Зета за производство на електрична енергија. Потоа, реката тече низ долината Бјелопавлиќи, сè до нејзиното влевање во Морача неколку километри северно од Подгорица.

Литература

Наводи

Категорија:Реки во Црна Гора