Електра Апостолу (), 20 февруари 1912 — 25 јули 1944) — грчка револуционерка, член на Комунистичката партија на Грција, учесник во Движењето на отпорот.
Животопис Родена е во Атина, во добростоечко средно буржоаско семејство, поради што не ги почувствувала немаштиите за време на Балканските војни, а детството го минала во изобилство. Се школувала во германска елитна школа.
Електра Апостолу на свои 13 години се запознала со членови на сојузот на млади комунисти, а на свои четиринаесет години, во училиштето организирала „општа помош за жртвите од диктатурата на Теодорос Пангалос“.
За време на Втората светска војна, станала член на првата редакција на официјалниот орган на „Националната сегрчка организација на младите во Грција“ (ЕПОН), односно редакцијата на весникот „Ново поколение“.
Умрела на 25 јули 1944 година, мачена од гестапо. Прогласена е за народен херој на Грција.
Наводи
Категорија:Грчки комунисти Категорија:Родени во 1912 година Категорија:Починати во 1944 година