На 1 јануари 2017, се случил напад на ноќен клуб во Истанбул во кој загинале 39 луѓе. Нападот се случил во 01:15 (UTC +3) во ноќниот клуб Реина во округот Ортаќој, каде илјадници луѓе ја славеле новата година. Најмалку 69 луѓе се повредени.
Заднина Нападот се случил во време на засилени безбедносни мерки во градот, со 17.000 полициски службеници на должност, по неколкуте терористички напади последниве месеци, многу извршени од ИСИС и курдските милитанти.
Нападот Според првичните информации напаѓач кој бил облечен во костум од Дедо Мраз (но тврдењето подоцна е одбиено од турскиот премиер), отворил оган во ноќен клуб околу 1:15 часот по полноќ. Напаѓачот со себе носел АK-47 и влегол во ноќниот клуб со тоа што убил полициски службеник и случаен минувач на влезот од клубот.
За време на нападот, околу 700 луѓе се наоѓале во клубот за прославата на нова година. Најмалце 39 луѓе се мртви (вклучувајќи 15 странци) и околу 69 се повредени. Полицијата поставила кордон околу клубот. Голем број луѓе скокнале во Босфорот за да го избегнат нападот.
Жртви + Жртви по националност држава мртви повредени 12 непознато 7 9 3 0 3 7السبيل دوت نت 2 4 2 4 2 0 1 5 1 3 1 1 10 –10 1 0 1 0 1 0 0 4 0 3 0 2 0 1 0 1 Unknown 0 35Вкупно 39 79
Наводи
Категорија:Терористички напади во 2017