Мура (хрватски, унгарски и словенечки: Mura; прекмурски: MüraNovak, Vilko. 2006. Slovar stare knjižne prekmurščine. Ljubljana: ZRC SAZU, pp. 262, 269. или Möra; ) — река во Средна Европа која извира од Високите Таури на Централните Источни Алпи во Австрија на надморска височина од и се влева во Драва во Хрватска.
Реката има вкупна должина од . Од нив, 330 км отпаѓаат на внатрешноста на Австрија; 95 км во и околу Словенија (67 км долж границите со Австрија и Хрватска, 28 км во внатрешноста на Словенија), а остатокот ја образува границата меѓу Хрватска и Унгарија. Најголем град по течението на Мура е Грац (Градец) во Австрија. Сливот зафаќа површина од .
Поважни притоки на Мура се Мирц, Сулм, Шчавница, Ледава и Трнава.
Течение Реката извира од тешко достапна долина во областа Лунгау на покраината Салцбург, Австрија. Тече на исток низ Тамсвег, па преминува во покраината Штаерска.
Меѓу Тамсвег и Унцмаркт-Фрауенбург, Мура тече низ стрмна долина, и напоредно со теснолиниската пруга наречена по неа (Мурталбан, 65 км). Од Унцмаркт натаму, реката продолжува во источен правец низ индустриските градови Леобен и Брук на Мура. Тука во неа се влева Мирц, па нагло свртува на југ и тече низ градот Грац.
Течејќи низ центарот на Грац, Мура минува под утврдената височина Шлосберг и крај стариот град. Некогаш реката била многу загадена од неколку фабрики за хартија крај брегот и железарницата кај Леобен, но почнувајќи од 1980-тите, квалитетот на водата е значително подобрен.
Од Грав реката продолжува на југ, одминувајќи го Лајбниц (Липница) и се спојува со Сулм, каде фаќа поисточен правец. Недалеку од Шпилфелд (Шпилје), реката ја образува границата меѓу Австрија и Словенија сè со Бад Радкерсбург (Радгона) и Горна Радгона, каде целосно преминува во Словенија.
Во Словенија Мура минува низ Раденци и Вержеј. Таму влегува во областите наречени по неа — Прекмурје („преку Мура“) во Словенија и Меѓимурје („меѓу Мура“) во Хрватска. На ова подрачје сè уште се среќаваат влечни скели и пловечки воденици.
Во Горно Меѓимурје реката често го менува течението, полека движејќи се на север од левата страна. Тука се среќава шумата Муршчак, помеѓу Домашинец и Долен Храшчан. Примајќи ја последната значајна притока Трнава, Мура се влева во Драва кај Леград во Копривничко-крижевачката жупанија, Хрватска.
Ползување мини|десно|Пловечка воденица на Мура во Вержеј, Словенија. Мура стопански се ползува уште од стариот век. Познато е дека во IV век п.н.е. на нејзините брзаци работеле пловечки воденици, технологија подоцна наследена од Словените и Маѓарите. Многу од ваквите воденици работеле и во 20-тите и 30-тите години на XX век, од кои денес е активна Бабичевата воденица (Бабичев млин) кај Вержеј во Словенија.
Реката носи помали количества злато кои не се доволни за современа експлоатација, но сепак се собрале во подалечното минато. Организираното испитување и ползување на златото и другите месни ресурси отпочнало во 1772 г.
Во Австрија, Мура има неколку хидроелектрични брани.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Состојба на Мура во Горна Радгона и Петањци — водостој, проток и температура за изминатите 30 дена. АРСО.
Категорија:Реки во Австрија Категорија:Реки во Словенија Категорија:Реки во Унгарија Категорија:Реки во Хрватска Категорија:Мурски слив Категорија:Дебар (Албанија) Категорија:Погранични реки Категорија:Словенечко-хрватска граница Категорија:Унгарско-хрватска граница Категорија:Австриско-словенечка граница Категорија:Притоки на Драва Категорија:Меѓународни реки во Европа