Теофил Готје (), (, раѓањето на Теофил Готје било регистрирано на 30 август 1811, а е роден во 2 часот наутро „истиот ден“ (дигитализирано ). – , ) – француски поет, романописец и ликовен и литературен критичар.

Роден во Тарб, Теофил Готје живее во Париз од најраното детство. Се запознал со Жерар Лабрини (идниот Жерар де Нервал) на Колеж Шарлемањ и уште многу млад се интересира за поезијата. Во 1829 година го сретнува Виктор Иго кого го признава за свој учител и активно учествува во движењето на романтизмот како и во прочуената „битка на Ернани“, на 25 февруари 1830 година. Во 1833 година со хумор ќе го евоцира овој период во „Младите-Франција“ (Les Jeunes-France).

Во 1831 – 1832 година ги издава своите први песни кои поминуваат незабележано, но тој се разликува од своите пријатели од движењето за романтизам по своите формалистички преокупации критикувајќи ги моралистичките или утилитаристички визии на литературата во прочуениот вовед на неговиот епистоларен роман „Госпоѓицата де Мопен“ (Mademoiselle de Maupin, 1835). Исто така ги пишува своите први новели, меѓу кои „Кафематот“ (1831), со фантастична нишка која ќе ја продлабочи во други негови дела („Роман за мумијата“ (Le Roman de la momie), 1858).

Во 1836 година, на барање на Балзак, тој објавува новели и уметнички критики во весникот „Ла кроник де Пари“ (La Chronique de Paris – Париска хроника). Потоа интензивно соработува со други весници, особено со „Ла прес“ (La Presse – Печат) на Емил Жирарден. Некои од овие текстови подоцна ќе бидат издадени во книги („Гротески“ (Les Grotesques), „Книжевни спомени“ (Souvenirs littéraires)...). Исто така издава песни („Комедијата на смртта“ (La Comédie de la Mort), 1838) и се обидува во театарот со пишување на драми („Ѓаволска солза“ (Une larme du diable), 1839). Во мај 1845 година, оди на големо патување зад Пиринеите од кое произлегува еден бележник на впечатоци („Патување во Шпанија“ (Voyage en Espagne) и нови песни („Еспања“ (España), 1845). Патува и во други земји, во Алжир, Италија, Грција, Египет, од кои исто така произлегуваат разни публикации.

Во 1852 година, излегува од печат „Глазури и камеи“ (Émaux et Camées) која ја надополнува (неколкупати до 1872 година) и со која нејзиниот автор станува водач на школата. Бодлер својата „Цвеќињата на злото“ (Les Fleurs du mal) му ја посветува на „беспрекорниот поет“»Оваа огнена посвета нема да ја предизвика благодарноста на Теофил Готје. Кога Бодлер ќе биде осуден, тој нема да го брани и ќе остане нем – Бодлер, Цвеќињата на злото, Џепна книга, стр. 345. и Теодор де Банвил го поздравува бранителот на „ларпурлартизмот“, претходник на парнасовците во потрага по убавото, против лирските изливи на романтичарите и вреднувајќи ја работата врз основа на формата на делото („Вајај, стружи, делкај“ (« Sculpte, lime, cisèle ») пишува Готје во својата песна „Уметноста“ (L’Art), последната од збирката „Глазури и камеи“, издание од 1872 година).

Во 1855 година, Готје ја напушта редакцијата на весникот „Ла прес“ и почнува соработка со „Монитер универсел“ (Moniteur Universel). Како ликовен и театарски критичар, авторот секој месец обезбедува бројни статии за сликарството и културниот живот, како и свои дела пред објавувањеПорано писателите своите дела прво ги објавувале во продолженија во некој весник. На пример Достоевски „Злосторство и казна“ прво ја објавил во продолженија во весник.. Египтологијата е во мода откако Шамполион ги открил тајните на хиероглифското писмо. Од 11 март 1857 година, Теофил Готје ги пасионира своите читатели со „Романот на мумијата“, љубовна приказна која се одвива во времето на фараоните. Во 1848 година, во „Ла прес“, под наслов „Двете ѕвезди“ (Les Deux Étoiles), излегува роман во кој двајца англиски авантуристи се обидуваат да го ослободат Наполеон I од островот Света Елена. Истиот е издаден во „Л’универ илистре“ (L’Univers Illustré- Илустриран свет) од 24 јуни 1865 година под наслов „Убавата Жени“ (La Belle Jenny).На овие два раскази може да им се пристапи на мрежната страница за авторот .

Тој продолжува да издава статии и песни, но пишува и биографија на Оноре де Балзак и авантуристички дела како неговиот роман на наметка и меч „Капетанот Фракас“ (Le Capitaine Fracasse) (1863). Назначен е за библиотекар на принцезата Матилда Бонапарт и ги посетува книжевните салони на Второто Царство, но исто така и уметничкото милје, интересирајќи се за музичарите (пишува за Хектор Берлиоз, Шарл Гуно, Рихард Вагнер, ... и го пишува либретото за балетот „Жизел“ на Адолф Адам) како и за сликарите (Ежен Делакроа, Едуар Мане, Гистав Доре, Теодор Шасерио.).

Починал во 1872 година оставајќи слика на сведок на книжевниот и уметнички живот на своето време, чии уметнички концепти биле ценети и чие разновидно дело сè уште е признато.

Животопис Првите години Роден во Тарб на 30 август 1911 година}}, Теофил Готје долго ќе го сочува „споменот на силуетите на сините планини“. Има три години кога неговото семејство се сели во Париз. И покрај неговата мала возраст, чувствува носталгија и тешко се навикнува на новата околинаThéophile Gautier par lui-même dans L'illustration du 9 mars 1867.. Изненадувачки рано, има само пет години кога почнува да чита. Неговите први големи книжевни страсти се „Робинзон Крусо“ и „Пол и Виржини“, кои му оставаат жив впечаток. Тогаш тој сонува да стане морнар, пред пасионирано да се заинтересира за театарот, особено за сценографијата.

Во 1820 година, на девет години, кратко останува во гимназијата Луј-ле-Гран во дневен престој. Неговите родители мораат да го извадат после еден триместар затоа што многу ослабел. Посреќен е во гимназијата Шарлемањ како надворешен ученик. Таму го сретнува младиот Жерар Лабрини (идниот Жерар де Нервал). Во тоа време почнува да се интересира и да манифестира особена наклоност за доцните латински поети чиј чуден јазик го фасцинира.

Тој е во прва година кога почнува да го посетува ателјето на сликарот Луј-Едуар Риу (1790-1855), и притоа открива дека тој страда од кратковидост.

„Големата продавница... романтична“ На 27 јуни 1829 година, Готје го среќава оној кој ќе стане негов литературен „учител“, Виктор Иго, кому му го претставуваат Жерар и Петрус Борел. Оваа случка ја забрзува неговата писателска кариера. На 25 февруари 1830 година, учествува во познатата „битка на Ернани“, облечен во црвен елек„Извлековме едно прекрасно парче кинески сатен со боја на цреша или цинобер од каселата, кое триумфално го ставивме пред преплашениот кројач, со спокоен изглед и задоволство кое го алармира за нашата причина. (...) За да ја избегнеме злогласната црвена од 93, ставивме малку пурпурна нијанса, бидејќи сакавме да не ни припишуваат никаква политичка намера.“, Теофил Готје, Историја на романтизмот, 1874, глава X. што трајно ќе го обележи неговиот дух. Истата вечер, овој пасиониран „ернанист“ го напушта ателјето на Риу.

Водејќи ги „сите големи романтичарски кампањи“, тој ја пишува својата прва стихозбирка чие издавање го финансира неговиот татко. Делото излегува во 1830 година и поминува потполно незабележано. Овие први песни сепак покажуваат еден млад многу вешт поет, освојувајќи го литературното наследство на неговите славни претходници. Сепак Готје покажува оригиналност со вродено чувство за форма и јасен и прецизен израз.

thumb|500px|center|Иго, кондотјер на романтичарското движење, со Теофил Готје, долга коса, мустаќи и капа, одзади

Готје продолжува да го посетува Виктор Иго и неговите блиски. Во овој литературен круг тој се запознава со Селестен Нантеј, кој три години подоцна, кога Готје повторно ќе ги печати своите први стихови, ќе ја илустрира неговата нова стихозбирка со „ултраексцентрична гравура“. Исто така го среќава романтичниот издавач Ежен Рандиел, кој штотуку го објавил „Вечери на Валтер Скот“ (Soirées de Walter Scott) Le Romantisme et l'éditeur renduel, на Викиизвор. Во 1833 година во „Млади-Франција“ сочно пишува за животот на уметниците кои го чинат уметничкиот круг. Во ова „барокно“ дело, Готје е луциден и ироничен сведок на „скапоцените смешни на романтизмот“. Две години подоцна, исто така кај Рандиел го издава романот „Госпоѓица Мопен“ кој предизвикува вистински скандал.

Готје го напушта семејниот дом на плоштадот Вогези и се сели во еден пропаднат хотел, во близина на сегашниот плоштад Карусел, каде е сосед со Камиј Рожје, Арсен Усе и Жерар де Нервал. Апартманот го дели со Ежен Пио.

Почетоците на критичар и романописец Оноре де Балзак, кој го цени неговиот младешки талент, го пратил Жил Сандо да му понуди да пишува за весникот „Ла кроник де Пари“. Готје тука издава новели како „Заљубената смрт“ (La Morte amoureuse) и „Златниот синџир“ (La Chaîne d'or) како и уметнички критики. Ќе биде многу импресиониран од „учителот“ и подоцна ќе придонесе за неговата легенда со биографските портрети на Оноре де Балзак: Théophile Gautier : Balzac, Le Castor astral .

мини|лево|Портрет од Огист де Шатијон (1839).

Исто така работи за магазинот на Шарл Мало, „Ла Франс литерер“ (La France littéraire), и за дневникот Емил Жирарден, „Ла прес“. Во овој весник, Готје најпрво се ангажира со ликовна критика. Се проценува дека бројот на фељтони и статии кој ги редактирал за овој весник изнесува повеќе од две илјади. Одреден број од овие написи е собран во: „Гротески“ (Les Grotesques), „Историја на сликарите“ (L'Histoire des peintres), „Модерна уметност“ (Art moderne), „Уметностите во Европа“ (Les Beaux-Arts en Europe), „Историја на драмската уметност во последните дваесет и пет години“ (Histoire de l'art dramatique depuis vingt-cinq ans), „Уметничките богатства на Русија“ (Trésors d'art de la Russie), „Современи портрети“ (Portraits contemporains), Историја на романтизмот (Histoire du romantisme), Книжевни спомени (Souvenirs littéraires) и др. Сите овие статии се напишани со воодушевеност и радост на еден чист, течен, беспрекорен и блескав јазик. Готје создава свој стил на пишување на уметничка критика која не цели само на судот, на анализата, туку исто така цели да ја обнови исправноста на естетското чувство. Тој бара да го долови, со помош на зборови, визуелното и музичкото чувство предизвикано со директната перцепција на уметничкото дело. Оваа задача на хроничар го окупира целиот негов живот. „Работев во „Ла прес“, во „Фигаро“, во „Ла карикатур“, во „Мизе де фамиј“, во „Реви де Пари“, во „Реви де де монд“, насекаде каде што тогаш се пишуваше.“ Често тешка, оваа секојдневна работа не го спречува да спортува (бокс и пловење) и да продолжи да твори поетски и драмски дела. Така во 1838 година излегува „Комедијата на Смртта“, стихозбирка, доста различна од претходните каде под влијание на Вилијам Шекспир, Јохан Волфганг Гете и Данте Алигиери, Готје го ваја духот на Смртта. Во 1839 година, Готје се оддава на искушение кон театарот, на кој отсекогаш му се восхитува, и ја пишува „Ѓаволска солза“, потоа „Маѓепсаниот трирог“ (Le Tricorne Enchanté) и „Посмртниот Пјеро“ (Pierrot Posthume). Тие се фантазии, самовилски пасторали, лирски театар, невозможен и имагинарен, што тој го оживува во либретата на повеќе балети, од кои најпознат е „Жизела“, првпат одигран на 28 јуни 1841 година во париската Опера, со огромен успех.

Патувања thumb|page=9|Константинопол