мини|десно|280п|Северот на Грамовата Земја и околните острови.1 Антарктички Полуостров, 2 Џејмс Росов Остров, 3 Дирвил, 4 Жоанвил), 5 Данди, 6 Сноу Хил, 7 Вега, 8 Симор, 9 Андерсон, 10 Полет, 11 Локјер, 12 Орелски Остров, 13 Јохансен, 14 Бренсфилд, 15 Астролаб, 16 Тауер мини|десно|Марта од Фолкландските Острови од 1944 г. препечатена за употреба на Греамовата Земја. Греамова Земја () — крак на Антарктичкиот Полуостров северно од линијата што ги поврзува ’ртовите Џереми и Агасис.

Наречена е по британскиот поморски офицер Џејмс Греам, Прв лорд на адмиралштабот во времето на истражувањето на нејзината западна страна од Џон Биско во 1832 г. Теирторијалните граници се водат според договорот меѓу комисиите за антарктички имиња на Британија и САД од 1964 г., каде воедно е усвоено името „Антарктички Полуостров“ за главниот поулостров на Антарктикот, како и Палмерова Земја за неговиот јужен дел. Границата се протега приближно 69° ЈГШ. На неа полагаат право Аргентина, Британија и Чиле.

Греамовата Земја е најблискиот дел на Антаркикот до Јужна Америка.ESA Science & Technology: Graham Land Сè до откритијата на британската експедиција до 1934–37 г., се сметало дека се работи за архипелаг наместо за полуостров. Планините на Грамовата Земја се последната поголема верига од Кордиљерите, која се состои од речиси непрекината низа венци која го образува западниот „’рбет“ на Северна, Средна и Јужна Америка, како и самиот Антарктик.

Планина Брејдинг — 7 км источно од североисточниот агол на морскиот ракав Ларсен.

Други имиња Аргентинците подрачјето го нарекуваат Светимартинова Земја (Tierra de San Martín)Антарктички Полуостров — Голема советска енциклопедија , а северниот остров (Троичкиот) го нарекуваат исто така (Península Trinidad) или Троичка земја (Tierra de la Trinidad). Чилеанците го целиот Антарктички Полуостров го нарекуваат Охигинсова Земја (Tierra de O'Higgins).

Знаменитости Итар Пејо — нунатак (вид чука), наречен по македонскиот народен јунак, мариовецот Итар Пејо, кој бугарската антарктичка комисија го наведува како бугарски.Hitar Petar Nunatak. SCAR Composite Antarctic Gazetteer.

Поврзано Чилеанска антарктичка територија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Греамова Земја Категорија:Британска Антарктичка Територија Категорија:Земји на Антарктикот