Ѓувеч (, , , ) е турска, романска и балканска чорба од месо и зеленчук, налик на француската чорба наречена рататуј. Се подготвува од месо, маслинки, домати, печурки, кромид, билки, и зачини, и најчесто се служи со мешана салата.
Од месо, може да се користи пилешко, свинско, јагнешко или говедско, а понекогаш риба, но можно е месото и да се изостави. Од зеленчук се користи: кромид, домати, пиперки, тиквичка, модар патлиџан, грашок, компири, моркови. Од зачини се додаваат: црвен пипер и градинарска чубрика и некои други билки. Ова јадење може да се пржи или да се пече.
Зборот ѓувеч, доаѓа од турското güveç, што претставува еден вид на овален земјен сад.http://www.nisanyansozluk.com/?k=g%C3%BCve%C3%A7
Наводи
Категорија:Балканска кујна Категорија:Македонска кујна Категорија:Српска кујна Категорија:Бугарска кујна Категорија:Турска кујна Категорија:Романска кујна Категорија:Јадења со месо Категорија:Турцизми