Африкански куп на нации 2017 Податоци

Африкански куп на нации 2017 (познат и како Тотал Африкански куп на нации - Габон 2017, АФКОН 2017, односно КАН 2017) е 31-вото по ред фудбалско континентално првенство на Африка познато како Африкански куп на нации. Натпреварувањето е организирано од Африканската фудбалска конфедерација, а ќе се одржи во Габон од 14 јануари до 5 февруари 2017 година.

Првобитно било одлучено натпреварувањето во 2017 да се одржи во Либија, меѓутоа, поради воената состојба во таа земја,во август 2014 КАФ одредил дека Африканскиот куп на нации 2017 ќе се одржи во Габон, по вторпат во историјата на натпреварувањето. Победникот на Африканскиот куп на нации 2017 добива право на настап на Купот на конфедерации 2017 во Русија.

Камерун ја освоиле нивната петта титула на Африканскиот куп на нации, победувајќи го Египет во финалето со 2–1. Буркина Фасо го освоиле третото место победувајќи ја Гана со 1-0.

Домаќинство Прв избор Боцвана, Камерун, Демократска Република Конго, Гвинеја, Мароко, Јужноафриканска Република, Замбија, и Зимбабве првобитно изразиле интерес за организацијата на Африканскиот куп на нации 2017.

КАФ добил три понуди до 30 септември 2010 година за домаќинство на Африканскиот куп на нации 2015 и Африкански куп на нации 2017 од Демократска Република Конго, Мароко и Јужноафриканската Република.

После примените понуди за организирање на Африканскиот куп на нации 2015 и 2017 КАФ започнал постапка за испекциски надзор со цел да ја посети секоја земја кандидат во поглед на стадионите, инфеаструктурата и заинтересираноста за организација на Африканскиот куп на нации 2015 и 2017. После инспекцијата во ДР Конго од 12-15 ноември 2010 година, ДР Конго го известиле КАФ дека ја повлекуваат својата кандидатура за Африканскиот куп на нации во 2015 и 2017.

На почетокот на ноември 2010 инспекцијата го посетила Мароко, а веќе следниот месец и Јужноафриканската Република.

Држава Досегашни домаќинства Мароко 1988 Јужноафриканска Република 1996За време на кандидатурата Јужноафриканската Република во 1996 година последен и до тогаш единствен пат била домаќин на Африканскиот куп на нации. Јужноафриканската Република подоцна добила понуда за организирање на купот во 2013 после откажувањето на Либија заради војната во таа земја.

На 29 јануари 2011 КАФ донел одлука домаќин на Африканскиот куп на нации во 2015 да биде Мароко, а во 2017 Јужноафриканската Република. Меѓутоа, поради војната во Либија во 2013, Јужноафрканската Република и Либија го замениле домаќинството на Африканскиот куп на нации, така што Јужноафриканската Република била домаќин на натпреварувањето во 2013 а Либија требало да биде на ова во 2017.

Втор избор По откажувањето на Либија од домаќинството на Африканскиот куп на нации на 22 август 2014, Африканската фудбалска конфедерација објавила дека прима нови пријави за организатор на Африканскиот куп на нации 2017 до 30 септември 2014. Подоцна тој рок е преместен до 8 април 2015.

Седум земји доставиле понуда за домаќинство на турнирот: Алжир, Египет, Габон, Гана, Кенија, Судан и Зимбабве. Меѓутоа од нив, само четири држави: Алжир, Египет, Габон, и Гана, ги исполнувале критериумите на Африканската фудбалска конфедерација. Подоцна Египет ја повлекол својата кандидатура.

Некој држави како Кенија покажале интерес за домаќинството на турнирот со соседите Руанда и Уганда, меѓутоа не доставиле официјална кандидатура за домаќинството.

Држава Досегашни домаќинства Алжир 1990 Габон 2012 Гана 1963, 1978, 2000, 2008

Претседателот на КАФ Иса Хајату на 8 април 2015 објавил дека домаќин на Африканскиот куп на нации 2017 ќе биде Габон. Габон веќе еднаш бил организатор на првенството во 2012 заедно со Екваторска Гвинеја.

Квалификации 260px|мини|десно|

Вкупно 51 репрезентација учествувала во квалификациите за Африканскиот куп на нации 2017. Домаќинот Габон не настапил во квалификациите. Ждрепката со квалификациските групи била иузвлечена на 8 април 2015 во Каиро, Египет. Во квалификациите не учествувале репрезентациите на Еритреја и Сомалија.

Поради откажувањето на Мароко од домаќинството на Африканскиот куп на нации 2015, првобитно КАФ и забранил на оваа репрезентација да учествува на Африкански куп на нации 2017 и 2019. Меѓутоа, "Судот за спортска арбитража" (Court of Arbitration for Sport) ја укинал забраната, со што на Мароко му било дозволено да учествува во квалификациите.

Интересно е тоа што трикратниот шампион на Африканскиот куп на нациите, Нигерија не се квалификувала.

Квалификувани репрезентации Репрезентација Се квалификувале како: Датум на квалификување Бр. на учества на АКН Последноучествона АКН Најдобар резултат на АКН ФИФА ранг листа(на почетокот на првенството)  2015 Четвртфинале (1996, 2012) 110 2013 Шампион (1976) 57 2015 Шампион (1990) 38 2015 Шампион (1984, 1988, 2000, 2002) 65 2015 Вицешампион (2002) 33 2010 Шампион (1957, 1959, 1986, 1998, 2006, 2008, 2010) 36 2015 Шампион (1963, 1965, 1978, 1982) 53 - Дебитант 68 2006 Групна фаза (2004, 2006) 102 2015 Вицешампион (1972) 60 2015 Шампион (1992, 2015) 34 1978 Вицешампион (1978) 72 2015 Вицешампион (2013) 50 2015 Вицешампион (2004) 35 2015. Шампион (1968, 1974) 48 2013 Четвртфинале (2013) 91 2 Закосен текст означува домаќин на тој турнир.

Местоположба на стадионите Првенството ќе биде одиграно во четири града во Габон: Либрвил, Франсвил, Ојем и Порт Жантил. Градовите официјално се потврдени во октомври 2016.

ЛибрвилФрансвилОјемПорт ЖантилСтад д' АнгонџеСтад де ФрансевилСтад д'ОјемСтад де Порт ЖантилКапацитет: 40.000Капацитет: 22.000Капацитет: 20.000Капацитет: 20.000150px150px150px150px

Судии

Гехад Гриша Јусеф Есрајри Мехди Абид Шареф Џани Сиказве Бакари Гасама Даниел Фрејзер Бенет

Џошуа Бондо Неан Алиум Денис Дембеле Тесема Бамлак Ерик Отого-Кастан Хамада Нампиандраза

Мамаду Кеита Али Лемгаифри Редуан Џијед Маланг Дједиу Бернар Камил

Формат на натпреварување Домаќинот на пвенството автоматски остварил пласман во групите, останатите 15 репрезентации морале да минат низ квалификации. На завршниот турнир репрезентациите се поделени во четири групи по четири тима. Тимовите во групата играат по еден натпревар меѓусебно. Двете првопласирани репрезентации од секоја група остваруваат пласман во четвртфиналето. Победниците во четвртфиналето играат полуфинале. Поразените полуфиналисти играат натпревар за трето место, додека победниците играат за титулата.

Извлекување на групите Извлекувањето на групите било одржано на 19 октомври 2016 година, во 18:30 UTC+1 часот, во Либрвил, Габон.

Организациониот одбор на Афрчкиот куп мас состанокот одржан на 26 септември 2016 во Каиро ги одредил носителите земајќи го предвид учинокот на репрезентациите на Африканскиот куп на нации 2017 според резултатите од претходните натпреварувања: Африкански куп на нации: 2012, 2013, 2015, Квалификации за Африканскиот куп на нации: 2013, 2015, 2017, Светско првенство: 2014, Квалификации за Светско првенство: 2014

Шешир 1Шешир 2Шешир 3Шешир 4 (22 б.; домаќин, доделена поз. A1) Брегот на С. Коска (63.5 б.; актуелен првак, доделена поз. Ц1) (56.5 б.) (43.5 б.) (34.5 б.) (33.5 б.) (33.5 б.) (29.5 б.) (29 б.) (24 б.) (18.5 б.) (15.5 б.) (15.5 б.) (12 б.) (10 б.) (8.5 б.)

Групна фаза

Група А Африкански куп на нации 2017 - група ATim1. 312042+252. 312032+153. (Д) 303022034. 301225-31

Извор: CAFonline.com

Група Б Афикански куп на нации 2017 - група БTim1. 321062+472. 320165+163. 302156-124. 301248-41

Извор: CAFonline.com

Група Ц Африкански куп на нации 2017 - Група ЦTim1. 321063+372. 320142+263. 302123-124. 301226-41

Извор: CAFonline.com

Група Д Африкански куп на нации 2017 - група ДTim1. 321020+272. 320121+163. 302112-124. 301213-21

Извор: CAFonline.com

Нокаут фаза Ждрепка

Четвртфинале

Полуфинале

Натпревар за 3. место

Финале

Победник

Победник на Африканскиот куп на нации 2017150pxКамерун 5. титула

Конечен пласман на првенството #Репрезентација 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16

Наводи

Надворешни врски

Официјална страна Африкански куп на нации 2017 на rsssf.com Африкански куп на нации на angelfire.com Африкански куп на нации на footballmundial.com

2017