Анри Барбис (француски: Henri Barbusse, роден на во Ањер на СенаTime Magazine, Monday, 9 September 1935 - починал на во ) — француски писател, романописец и новинар, член на Француската комунистичка партија. Тој бил долгогодишен пријател на Алберт АјнштајнEinstein on Politics, Princeton University Press, 2007.
Станал познат со својот антивоен роман „Огнот“ („Le Feu“), издаден во 1916 година. Во основата на писателот стојат неговите преживувања за време на Првата светска војна. Книгата ја изразува растечката омраза кон милитаризмот. За овој роман, тој ја има освоено наградата „Гонкур“.
Подоцнежните негови дела како „Manifeste aux Intellectuels“ покажуваат јасно наведена револуционерна позиција. Есента 1925 година тој учествувал во основањето на „Комитет за заштита на жртвите од фашизмот и белиот терор во балканските држави“. Покрај него во комитетот влегле луѓе како истакнатиот француски општественик Жан Вилар и белгиската општественичка Поле Лами. Добивајќи ја општата поддршка на прогресивната европска јавност, комитетот ја посетил Бугарија, Романија и Југославија и покрај жестокото спротивставување на полицијата во тие земји. По враќањето, членовите развивиле активна јавна активност во заштита на настраданите од белите терор.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Француски писатели Категорија:Француски новинари Категорија:Болшевици Категорија:Антифашисти Категорија:Добитници на Гонкуровата награда Категорија:Погребани на гробиштата „Пер Лашез“ Категорија:Почесни членови на Академијата на науките на Советскиот Сојуз