Дидје Ибрахим Н'Донг — габонски фудбалер, играч од средниот ред на Естеглал и на габонската репрезентација.

Клупска кариера КС Сфаксен Роден во Ламбарене, Западен Габон, Н'Донг се преселил во Тунис на многу рана возраст, каде што го ја започнал својата професионална фудбалска кариера играјќи за КС Сфаксен во туниското првенство. Своето професионално деби го направил во сезоната 2011-2012 под водство на тренерот Набил Куки, играјќи како стартер 80 минути во натпревар против Каируан на 26 септември 2012.

Иако тоа бил неговиот единствен настап за сезоната, во текот на следната тој играл многу повеќе под водство на тренерот Руд Крол. Тој бил стартер во 12 од 14 натпревари во лигата (пропуштајќи ги останатите два поради суспензија по заработениот црвен картон во натпреварот од шестото коло против Гафса) и во сите 6 во плејофот постигнувајќи еден гол на 14 април 2014 во победата со 2-0 на гостувањето против Стад Тунисиен и помагајќи му на СФаксен да ја освои осмата титулата во историјата на клубот.

Лорјан На 3 јануари 2015, Н'Донг потпишал 4 и пол годишен договор со францускиот прволигаш Лорјан.http://www.bbc.co.uk/sport/0/football/30666857 Своето деби го имал на 7 февруари 2015 во победата со 3-1 на гости кај Рем, влегувајќи од клупата за резерви на местото на Рафидин Абдула во 70-тата минута од натпреварот.Stade Reims - FC Lorient 1-3 Својата прва полусезона во Европа ја завршил со 12 настапи сите во француското првенство.

Следната сезона бил постојан стартер за Лорјан започнувајќи во 34 натпревари. Својот прв погодок за клубот го постигнал на 20 септември 2015 во победата со 3-2 на гостувањето кај Монако во Лига 1 со прекрасен удар од преку 25 метри далечина.Голот на Н'Донг против Монако на youtube На 7 ноември 2015 тој бил стрелец и во победата над Троја со 4-1 на Стад ду Мустуар.

Сандерленд На 31 август 2016, тој потпишал перманентен петгодишен договор со Сандерленд, за сума од 13.6 милиони фунти.http://www.skysports.com/football/news/11695/10559098/sunderland-close-on-didier-ndong-john-ruddy-steven-naismith-and-yann-mvila Со тоа станал најскапиот трансфер на црните мачки во историјата на клубот.

Репрезентативна кариера Дебитирал за габонската репрезентација во на 14 ноември 2012 година, во пријателски натпревар против Португалија кој завршил 2-2. Играл на Африканскиот куп на нациите во 2015 и 2017.

Хронологија на репрезентативните настапи

Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 15 јануари 2017.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2011-2012 Сфаксен Л1 1 0 КT 0 0 - - - - - - 1 0 2012-2013 Л1 12+66 настапи во плејофот 1+0 КТ 0 0 - - - - - - 18 1 2013-2014 Л1 16 1 КТ 8 1 ЛШ 8 0 КС 0 0 32 2 2014-2015 јан. Л1 5 0 КТ 0 0 - - - - - - 5 0Вкупно Сфаксен 40 2 8 1 8 0 0 0 56 3 јан. 2014-2015 Лорјан Л1 12 0 КФ+ЛКФ 0+0 0+0 - - - - - - 12 0 2015-2016 Л1 34 2 КФ+ЛКФ 5+1 0+0 - - - - - - 40 2 авг. 2016 Л1 2 0 КФ+ЛКФ 0+0 0+0 - - - - - - 2 0Вкупно Лорјан 48 2 6 0 - - - - 54 2 2016-2017 Сандерленд ПЛ 16 0 ФА+ЛК 0+2 0+0 - - - - - - - -Вкупно во кариерата 104 4 16 1 8 0 0 0 128 5

Титули КС Сфаксен Туниско првенство (1) : 2012-2013

Наводи

Надворешни врски

Дидје Ибрагим Н'Донг на soccerway Дидје Ибрагим Н'Донг на transfermakt Дидје Ибрагим Н'Донг на whoscored Дидје Ибрагим Н'Донг на espn Дидје Ибрагим Н'Донг на squawka

Категорија:Живи луѓе Категорија:Габонски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Лорјан Категорија:Фудбалери на ФК Сандерленд Категорија:Фудбалери на ФК Вотфорд Категорија:Фудбалери на ФК Естеглал Категорија:Фудбалери од Премиер Лига Категорија:Родени во 1994 година