Пена на дните () — надреален роман од францускиот писател Борис Вијан објавен во 1947. Иако дејството се одвива временски линеарно, романот содржи повеќе сижејни линии, вклучувајќи љубовни доживувања на две двојки, глувци што зборуваат, и човек што остарел неколку години за една седмица.
Иако не е во фокусот на читателот, едно од сижеата вклучува и човек кој се венчал за сопруга што бргу се разболела, и чија болест можела да се лечи само ако пациентот биде посипан со цвеќиња. Романот бил инспирација за три филмови и една опера, а бил рангиран помеѓу 100 книги на векот според Ле Монд. Еден од ликовите во романот, филозофот Жан-Сол Партр, е спунеризам за Жан-Пол Сартр, а низ романот на сличен начин се споменува дел од творештвото на Сартр.
Наводи
Поврзано 100 книги на векот според Ле Монд
Категорија:Романи од Борис Вијан Категорија:Француски романи