Административната поделба на Гренланд ја опфаќа политичката поделеност на државата поради статистичко-административни причини. Државата е поделена на општини како првостепена административна поделба. Вкупно, Гренланд има 4 големи по територија општини.Statistics Greenland, Greenland in Figures, 2014 Покрај тоа, често во оваа група се вклучува и најголемиот во свет Гренландски национален парк. Важно е да се напомене дека Воздухопловството на САД има своја енклава (Воздухопловна база Туле) во Касуитсуп.
Општини Актуелната административна поделба на Гренланд стапила на сила на 1 јануари 2018 година:
имегренландскиадм. центаргрбISOISO 3166-2:GL (ISO 3166-2 кодови)населениеповршина (км²) Аваната Avannaata Kommunia Илулисат 10,651 Кујалек Kommune Kujalleq Какорток GL-KU 7,589 32,000 Кекерталик Kommune Qeqertalik Асијат 6,504 Кеката Qeqqata Kommunia Сисимиут GL-QE 9,677 115,500 Сермерсок Kommuneqarfik Sermersooq Нук GL-SM 21,232 531,900
Административна поделба до 2018
имегренландскиседиштегрбISOISO 3166-2:GL (ISO 3166-2 codes for the subdivision of Greenland)населениеповршина (км²) Кујалек Kommune Kujalleq Какорток GL-KU 7,589 32,000 Касуитсуп Qaasuitsup Kommunia Илулисат GL-QA 17,749 660,000 Кеката Qeqqata Kommunia Сисимиут GL-QE 9,677 115,500 Сермерсок Kommuneqarfik Sermersooq Нук GL-SM 21,232 531,900
Историја
Првата поделба на островот била меѓу данските колонии Северен Гренланд со седиште во Кекертарсуак и Јужен Гренланд со седиште во Нук. Ваквата поделба траела до 1940-те кога островот бил обединет и добил централна административна управа.
По доделувањето на статусот на рамноправна сојузна држава во рамките на Кралството Данска, државата била поделена на „поделби“ во 1951 година. Тие биле Источен Гренланд, Западен Гренланд и Северен Гренланд. Североисточниот национален парк бил создаден во 1974 година. По доделувањето на статусот на самостојна управа во 1979 година имињата на општините добиле гренландски имиња: Кита, Туну и Авана. Поделбата Кита имала 15 општини, Туну 2 и Авана 1 општина
Поранешни општини Округ Авана
Округот имал 1 општина, општина Канак. Покрај општината, на територијата се наоѓала Воената база Туле и Гренландскиот национален парк.
Округ Туну
На територијата на округот се наоѓале: општина Амасалик, општина Итокортормит и дел од сегашниот национален парк.
Округ Кита На територијата на округот се наоѓале општините:
Јужен дел: Општина Нанорталик Општина Какорток Општина Нарсак Општина Ивитут Општина Памиут Средиштен дел: Општина Нук Општина Манитсок Општина Сисимиут Општина Кангатсијак Општина Асијат Општина Касигијангуит Општина Илулисат Општина Кекертарсуак Северен дел: Општина Уманак Општина Упернавик
Поврзано
Гренланд
Наводи
Категорија:Административна поделба на Гренланд
no:Grønlands amt